Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (1) генер. “2007“ го победи “братскиот“ Вардар (2) и денес против Албион ќе се бори за учество на завршниот турнир
Вардар (1) генер. “2007“ го победи “братскиот“ Вардар (2) и денес против Албион ќе се бори за учество на завршниот турнир

Вардар (1) генер. “2007“ го победи “братскиот“ Вардар (2) и денес против Албион ќе се бори за учество на завршниот турнир

Вардар (1) го елиминира “братскиот“ Вардар (2) кај генерацијата родени “2007“ година, во рамките на елиминациите во детската лига. Ждрепката сакаше двете екипи кои се предводени од Томче Трајановски да играат меѓусебно, по што Вардар (2) не е во можност да го брани бронзениот медал, кој го освои на завршниот турнир минатата натпреварувачка сезона.

Вардар (1) подобро го отвори овој натпревар и до средината на првото полувреме имаше водство од 2:0. Резултатот на овој “братски“ дуел го отвори Марко Киш, кој од десната страна директно упати удар, кој заврши во мрежата, што значеше водство за Вардар (1). Борјан Томовски е играчот кој го постигна вториот гол за предност од 2:0. Во продолжение од мечот проследивме евро гол од слободен удар на Александар Грашески, за веќе предност од 3:0. Кога се мислеше дека Вардар (1) лесно ќе стигне до победата, сепак до крајот на првото полувреме, екипата на Вардар (2) успеа да постигне два гола и да го намали резултатот. Најпрво за 3:1 погоди Војо Стојановски, за резултатска неизвесност на натпреварот да донесе Алексеј Ивановски, кој од погоди од пенал, после три направени корни.

Во вториот дел повторно два гола предност за Вардар (1) донесе Марко Крстевски, кој со силен удар од голема далечина го зголеми резултатот на 4:2. Вардар (1) беше подобар на теренот и на крајот заслужено победи. Со вториот гол на Борјан Томовски, веќе имаа предност од 5:2, додека прв гол после повредата постигнува и Стефан Младеновски, за зголемување на резултатот на 6:2. Во листата на стрелци на овој меч се запиша и Иван Стојановиќ, за водство од 7:2, додека во последните минути Вардар (2) преку Никола Јовановски го ублажи поразот и ги постави конечните 7:3 на овој меч.

Вечерва на терените на ФФМ, Вардар (1) ќе го одигра решавачкиот натпревар за пласман на завршниот турнир, а противник ни е екипата на Албион.