Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор во последното коло гостува кај ГРК Борец
Вардар Јуниор во последното коло гостува кај ГРК Борец

Вардар Јуниор во последното коло гостува кај ГРК Борец

Денес на програмата во плеј-аут сегментот во Супер лигата е последното, 10.коло. Во истото младиот црвено-црн сениорски колектив, тимот на Вардар Јуниор ќе го одигра последниот меч сезонава како гостин. Ние гостуваме кај екипата на ГРК Борец од Велес.

Натпреварот е закажан во 19-00 часот, истиот ќе се игра во салата “Гемиџии“ во Велес. Правдата ќе ја делат: Андонов Виктор (Скопје) и Јовановски Стојанче (Скопје). Овој дуел е натпревар без резултатско значење за двата колектива, велешани и момците на Стојан Петрушевски обезбедија директен опстанок во македонската ракометна лига за иднатата сезона. Победникот на дуелот ќе ја заземе втората позиција  на табелата од плеј-аутот веднаш зад лидерот РК Радовиш.