Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на ФК Вардар во последното коло од шампионската сезона одиграа реми со Македонија Ѓ.П
Пом.пионери  на ФК Вардар во последното коло од шампионската сезона одиграа реми со Македонија Ѓ.П

Пом.пионери на ФК Вардар во последното коло од шампионската сезона одиграа реми со Македонија Ѓ.П

Денес на теренот на Академијата се одигра последното  првенствено коло кај генерацијата родени “2002“ година. Како што е познато од претходно помладите пионери успеаа да станат шампиони во оваа возрасна категорија. Тие утрово на теренот на Академијата одиграа реми во  дуелот со Македонија Ѓ.П и на тој начин успешно ја заокружија оваа сезона. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 1-1 (0-0).

a

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Станковски, Костовски (c), Величковиќ-Радуловиќ, Крстевски, Ѓорѓиевски, Гугуљанов, К. Стојановски, Фазлиу, Петејчук, Демири, Г. Стојановски.

Во првите десет минути од дуелот немаше ниту еден директен удар кон двата гола, Прв се закани нашиот тим и тоа преку Кристијан Стојановски, кој шутираше од голема далечина, топката ја закачи десната статива од голот на Македонија Ѓ.П. Веднаш после него се биде и Мујаз Демири, кој упати удар покрај голот на притивникот. Поради повреда тренерот на Вардар беше принуден да ја направи првата измена, од игра излезе Мујаз Демири, на негово место е Ринор Исени. До крајот на првото полувреме за одбележување е ударот на Георг Стојановски, кој со крајни сили го одбрани противничкиот голман, така на полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0.

a4

Вториот дел почна со ран погодок на нашиот ривал, тие искористија едно невнимание на нашата екипа и на почетокот погодија за отварање на резултатот, 0-1. Тодоровски од клупата му даде шанса на Величковски Матеј кој на голот го замени Станковски Марко. Имавме одлична шанса за изедначување, од корнер нафрли Петејчук, од само неколку метра не бранет од никој Kрстевски не успева да погоди а веднаш после тоа се обиде и Стојановски Кристијан кој шутира над гол. Следеа две нови измени, влезе Филип Симев излезе К.Стојановски, а Исени му го препушти местото на теренот на Енес Шабани. Противникот се ослободи од нашиот притисок по постигнатиот гол и се закани, сепак на место беше нововлезениот Величковски Матеј  кој реагираше одлично.

a3

Бевме подоминантни на теренот, имавме повеќе посед и напаѓавме за погодок кој ќе донесе резултатска симетрија. Добивме слободен удар, топката ја зема Мартин Радуловиќ-Величковиќ, по одличниот негов удар тој постигна евро-гол за 1-1. Веднаш после него во голема прилика се најде и Петејчук, но голманот одбрани. По изедначувањето ние не застанавме тука, напаѓавме постојано со цел да дојдеме до пресврт.  Сепак не успеавме да погодиме па дуелот  заврши реми.

По натпреварот на момците од ФК Вардар и на тренерот на помладите пионери, Сашо Тодоровски Рап-Тап им беше доделен шампионскиот пехар за оваа сезона во нивната генерација. Оваа церемонија може да ја погледнете на следната- фотогалерија.