Денес на теренот на Локомотива, својот втор контролен натпревар го одиграа пионерите на ФК Вардар (генерација 2006) кои успеаа да излезат како победник во соочувањето со кадетите на ФК Скопје. Младите вардарови надежи предводени од Марјан Герасимовски забележаа висок триумф изразен со резултат 5:0.
На овој натпревар, тренерот Герасимовски им даде шанса за настап на сите играчи кои беа на располагање за денешниот пријателски натпревар. Самиот резултат говори за тоа каква доминација имаше Вардар на овој натпревар. По првото полувреме имавме водство од 3:0, од кои два беа ремек дело на нашите играчи. Првите директни удари кон голот на Скопје ги имаа Николовски и Цониќ, но немаше промена на резултатот, а водството стигна преку Андреј Величковски кој од 20-сетина метри успеа со прецизен удар во долниот десен голмански агол да го отвори резултатот на 1:0. Во листата на стрелци лесно можеше да се запише и Марко Николовски, но неговиот удар ја погоди стативата. После наша добра акција, од десната страна Максим Цониќ му асистираше на Матеј Гаштаров кој со рутински успеа да донесе предност од 2:0. Најубавиот гол на натпреварот беше дело на Давор Лефковски кој со удар од преку 25.метри го совлада голманот на гостинската екипа, кој само со поглед го испрати ударот.
Доминиравме и во вториот дел од натпреварот, иако игравме со различна постава, сепак ја контролиравме играта и не дозволивме некоја поголема опасност кон нашиот гол, иако во два наврати на голот се истакна Стефан Нанчовски. Имавме многу директни удари во овој дел од натпреварот, два завршија во мрежата на Скопје. Во листата на стрелци се запиша и Никола Никодиновски кој сезонава пристигна во клубот од екипата на Македонија Ѓ.П, со неговиот гол зголемивме на 4:0, додека конечните 5:0 ги постави уште еден нов играч во оваа генерација, се работи за Хабиб Бектеши кој ги постави конечните 5:0. Шанси имаа уште и Николовски и Хасиќ.
Вардар: Нанчовски, Ајетовиќ, Спасовски, Јанкоски, Порчу (К), Величковски, Лефковски, Гаштаров, Николовски, Танчев и Цониќ.