Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Вардар со победа над ФК Охрид
Кадетите на  Вардар со победа над ФК Охрид

Кадетите на Вардар со победа над ФК Охрид

Денес на „Локомотива“, кадетите на ФК Вардар беа домаќини на ГФК Охрид Лихнидос, во дуел од Супер лигата. Црвено-црните момци успеаа да направат пресврт и да победат на оваа средба. Ние триумфиравме со резултат 3-1 (2-1) на овој дуел.

f3
Вардар: Илиевски, Трајчевски, Рахми, Митревски, Туша, Бундалески, Кулуковски (K), Кузмановски, Сековски, Стојановски и Нурединовски.

Играа уште: Рамани, Стефановиќ, Радевски, Цониќ и Атанасов.

f11

Охридските фудбалери поведоа на самиот почеток, по наш кикс тие стрелаа за 0-1 во 2. минута. Ние тргнавме по изедначување, ја преземавме иницијативата. Во 15.минута за резултатска симетрија, 1-1 по одлична акција погоди Туша Агрон. По голот тргнавме да направиме целосен пресврт, во 38.минута по нафрлена топка во казнетиот простор еден играч на гостите играше со рака. Добивме голема шанса, досудениот пенал во гол за водство со 2-1 го претвори Бундалески Максим. На одмор заминавме со водство од еден погодок.

f

Вториот дел започна со голема шанса преку два нововлезени играчи, Рамани нафрли од 30.метра, топката дојде до Радевски кој со волеј упати силен удар кој голманот на гостинот го одбрани со крајни напори. Во следната акција со неговиот втор гол денес, Агрон Туша во 68.минута, донесе два гола предност, односно поведовме со неговиот погодок со 3-1. Кузмановски исто така имаше прилика за гол која заврши крај директор, тој шутна силно од 20.метра. Во финишот видовме уште две прилики, во првата гостинот се закани на нашиот гол одлично одбрани Илиевски Лео, во втората нововлезениот Атанасов упати удар од неколку метра и не погоди. Тоа беа последни возбудувања на оваа средба која ја добивме со 3-1.

f8