Девојките на Царчев, ЖРК Вардар продолжува со доминацијата во групата-А од женската сениорска лига. Денес дојдовме до 6/6, по победата кај РК Шампион како гостин со високи 13-40 (6-18).
Отворивме со головите на капитениот Диневска и Миновска, се беше јасно на почетокот по фуриозниот влез на црвено-црните на оваа средба. На самиот почеток поведовме со високи 0-6 и најавивме победа. Полека од минута во минута ја зголемувавме предноста, која мина и во двоцифрена „категорија“ подоцна. На одмор саминавме со 12.гола повеќе, за време на паузта беше 6-18 за црвено-црните девојки.
Вториот дел на овој дуел започна како и што се одвивеше првиот период во салата „Круме Кепески“, со наша доминација во поле. По десетина минути поведовме со 20.гола, при резултат 10-30. Се до крајот беше формалност, сепак ние имавме висок ритам. Домаќинот погоди три пати во нашата мрежа, ние вративме со 10.гола во нивната. Сите девојки добија прилика за игра и истата ја оправдаа со одлична игра. Победата дојде со убедливи 13-40.
Миновска беше прв стрелец со 7.гола, еден помалце имааа крилата Диневска и Трпевска (6.гола), Максимовска Наталија имаше четири погодоци. Имавме одлични голмани Ѓорѓиевска сопре 8.удари, а Трајкоска одбрани 7.топки, на оваа средба Илиќ впиша 2.интервенции.