Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Два нови успеха за ФК Вардар генер.2008 во детската лига
Два нови успеха за ФК Вардар генер.2008 во детската лига

Два нови успеха за ФК Вардар генер.2008 во детската лига

Момците на Влатко Колев, ФК Вардар генерација 2008 година денес забележаа две победи. Тие на мечевите од детската лига одиграни на терените на ФФМ во Ново Лисиче доминираа во двете средби денес.

4-2

ФК Вардар-1 го совлада ФК Кул во првиот дуел одигран денес со 8-1. Противникот отвори со еден случаен гол за почетни 0-1 во првата минута од овој дуел. Ние веднаш тргнавме во офанзива со цел да ја вратиме резултатската симетрија на оваа средба. Две големи шанси пропуштвиме потоа, Ненад Дамјаноски погоди греда, а Азизи погоди во стативата. По одлична акција пласираше за реми 1-1, Ненад Дамјаноски. Одтука тргна нашата целосна доминација, за пресврт и водство со 2-1 погоди Азизи. Стефан Марковски силно шутна, топката со пета во голот на атрактивен начин ја спроведе Бранковски Стефан за 3-1. До крајот на првиот дел видовме наша доминација и упте една прилика, со удар од дистанца се обиде Огнен Бојковски. Сепак си два гола предност момците на Колев отидоа на одмор.

3-2

Вториот дел почна со два обида на Матеj Киш кои не завршија во мрежата, тој се трудеше и многу работеше во поле. Дојде до израз нашата доминација, Бранковски Стефан имаше асистенција до Лука Трпевски кој зголеми на 4-1, потоа Киш шутна голманот одби од непосредна близина сигурен беше Бранковски Стефан за 5-1. Ние игравме повеќе во поле, нашиот ривал немаше прилики да не загрози. Ненад Дамјаноски повторно се впиша во листата на стрелци, тој пласираше за 6-1. Противникот конечно се закани, на нашиот гол Лука Грчевски лесно се справи со заканите. На сцена стапи Марко Шоторовски тој најпрвин зголеми на 7-1, а потоа погоди по земја за 8-1. Со овој резултат заврши дуелот, момците на Колев покажаа дека си психички силни и по почената негатива се издигнаа и лесно дојдоа до победа на оваа средба.

6-2
ФК Вардар-2 лесно се справи со екипата на ФК Нова Колонија и успеаа да ја совлада во дуел со целосна доминација. Доминиравме на самиот почеток, Петар Блажевски отвори со гол за предност од 1-0. Играчот кој многу се трудеше во првиот меч, Матеj Киш погоди за удвојување на предноста и водство со 2-0. Доминиравме целосно, лесно влегувавме во прилика, стелеците на првите два гола Блажевски и Киш уште по еднаш се запишаа во листата на стрелци па поведовме со високи 4-0. По едно мало опуштање ривалот успеаа да намали со погодок за 4-1. Веднаш Бранковски Стефан ја врати предноста од четири погодоци погодувајќи за 5-1. Големата доминација донесе брзи три гола, за нас погодуваа: Киш, Иван Ташевски и Коста Бошковски со нивните голови се одлепивме на плус седум, поведувајќи со 8-1. Со тој резултат заминавме на пауза.

7-2
Вториот период почна мирно, со игра пред се на средината на теренот на двете екипи. Прва прилика имаше Иван Ташевски чии удар го одбрани противничкиот голман. Лука Трпевски, Ненад Дамјаноски и Стефан Марковски потоа имаа прилики кои не ги претворивме во погодок. Противникот се закани, Дарко Јовчев одлично интервенираше. Конечно дојде награда за трудот, Ненад Дамјаноски стрелаше за 9-1, а Коста Бошковски за 10-1 во само 60.секунди по одбраната на Јовчев. Добивме пенал Стефан Марковски ја земе топката и успешно погоди за 11-1. Огнен Бојковски додатно ја зголеми предноста погодувајќи за 12-1. Ривалот намали на 12-2, веднаш Коста Бошковски ја врати предноста на 11 гола, погодувајќи за 13-2. Петар Јаковлевски играч од одбраната по еден прекин успеа да погоди за 14-2 резултат со кој се оконча оваа средба.