Денес во Штип, своите натпревари од 20. коло во првенството ги одиграа кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар кои за противник ја имаа екипата на Брегалница.
Кадетите влегоа во лоша серија од четири меча без победа, откако денес беа поразени на гостувањето кај екипата на Брегалница, со резултат 2:0. Двата гола паднаа за само две минути, најпрво во 57, а потоа и во 59 минута, Брегалница постигна два гола и го постави конечниот резултат.
Вардар: Китановски, Зендели, Николов, Митревски, Ѓурковски, Манасиевски (c), Мирчевски, Ристовски, Спировски, Петејчук, Демири.
Младинците пак немаа никаков проблем во дуелот со врсниците од Брегалница, совладувајќи ги високо со резултат 0:8. Мустафа Јусуф беше играчот кој успева по само четири минути игра да му донесе водство на Вардар од 0:1. Избраниците на Тодоровски се научија да постигнуваат многу голови во пролетниот дел, па така беше и на овој меч кога до врв ја наполнија противничката мрежа. На вториот гол не се чекаше многу време, кога Александар Ѓорѓиески успева во 12 минуда да му донесе водство на својот тим од 0:2. Со вториот гол на Јусуф Мустафа, црвено-црните во 19 минута од мечот веќе имаа и предност од 0:3. Шансите пред голот на Брегалница се редеа, а веќе во 22 минута, хет-трик постигна Јусуф Мустафа кој зголеми на 0:4. До крајот на првиот дел успеваме да постигнеме уште два гола и уште по првите 45 минути да го решиме овој дуел. Најпрво во 24 минута со својот прв гол резултатот на 0:5 го зголеми Александар Младеновски, за домаќинот да постигне гол, но во својата мрежа, за 0:6 на полувреме.
Во вториот дел црвено-црните играа растеретено, но не заборавија да постигнат уште по некој гол. Се играше 67 минута кога со својот втор гол Младеновски Александар зголеми на 0:7, додека конечните 0:8 на овој дуел од младинската супер-лига ги постави Давид Велковски во 78 минута од мечот.
Вардар: Андов, Петковски, Наумчески, Радевски, Стојчески, Велковски, Пешевски (c), Јусуф, Ѓорѓиески, Младеновски, Тасев.
Во игра влегоа и останатите тројца играчи, кои беа резерви денес. Се работи за Хасановиќ, Попоски и Кртовци. Ова беше вкупно 17.победа за младинскиот состав на Вардар оваа сезона.,