Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (1) генер. 2006 повторно победнички, нов пораз во серија за Вардар (2) во детската лига
Вардар (1) генер. 2006 повторно победнички, нов пораз во серија за Вардар (2) во детската лига

Вардар (1) генер. 2006 повторно победнички, нов пораз во серија за Вардар (2) во детската лига

Вардаровата генерација 2006 денес на терените на ФФМ одигра ново коло во детската фудбалска лига. Вардар (1)повторно победи, додека Вардар (2) влезе во серија од три последователни порази. Наш противник денес беше екипата на Њу Старс.

Вардар (1) беше доминантен во дуелот со екипата на Њу Старс (3) која ја совлада убедливо со резултат 14:0.Првиот обид кон противничкиот гол го имаше Андреј Величковски, кој бие, но одбрани голманот на Њу Старс. Првата голема шанса пак ја имаше Марко Николовски, кој имаше простор за да погоди, но одбрани голманот. Уште една нова прилика за Николовски, откако биеше, голманот ја зафати топката доволно да ја погоди пречката и да не заврши во голот. Се редеа шансите пред голот на противникот и прашање на време беше кога ќе успееме да постигнеме гол. Удар имаше и Алији, додека водство од 1:0 донесе Андреј Величковски. Набргу и го зголемуваме резултатот повторно преку истиов игра, откако додаде Алији, а Величковски реализира за предност од 2:0.

1

Вардар имаше целосна иницијатива на ово меч, додека противникот не беше мерило за квалитетот на нашиот тим. Николовски го постигнува својот прв гол денес, откако му асистира Величковски за зголемено водство од 3:0. Во следната акција повторно погодува Марко Николовски, на одлична асистенција од Миовски, кој со голема умешност го проигра Николовски, овој ја тресе мрежата на Њу Старс за предност од 4:0. Во листата на стрелци успева да се ззапише и Алтин Алији, кој погодува после асистенција од Николовски, за веќе убедливи 5:0 за Вардар. До крајот на првиот дел постигнавме уште еден гол, втор денес за Алтин Алији, за резултат од 6:0 на полувреме.

Фуриозно го стартувавме и вториот дел, кога со својот хет-трик Марко Николовски зголеми на 7:0, овој пат по одлична асистенција од Трифуновски. Прв директен удар и кон нашиот гол на денешниот дуел, од прекин биеше противникот, но одбрани Данстак. Избраниците на Филип Спасевски не помислуваа да застанат со погодоците, хет-трик и за Алтин Алији, погодок со кој зголемивме на 8:0. Николовски можеше да дојде до нов погодок, но повторно ја погодува пречката, додека Алији со својот четврти гол во следната акција зголеми на 9:0. Данстак пропушти шанса да запише во листата на стрелци откако не реализираше удар од белата точка.

3

Четврти гол и за Марко Николовски кој ја тресе противничката мрежа, откако повторно му асистира Трифуновски, за резултат од 10:0. Конечно и Олег Трифуновски се запишува во листата на стрелци, зголемувајќи на 11:0. Голеадата не изостана ниту до крајот на натпреварот, а Вардар успеа да постигне уште четири нови голови. Следните два гола беа дело на Марко Николовски со кои поведовме со 13:0, додека Алтин Алији зголеми на 14:0. Последниот гол за конечни 15:0 беше дело на Олег Трифуновски.

Вардар (2) уште еднаш не покажа желба за надигрување, повторно одигра лош меч, кој беше трет во серија пораз за овој тим, кој утрово беше поразен од Њу Старс (4). Динов прв се закани кога биеше од прекин, но одбрани голманот, додека се обиде и Њу Старс, но интервенираше Максим Краљевски.

3

Обид имаше и Алтин Нуредини, исто од прекин, но голманот на Њу Старс не дозволи да биде совладан. Во својата посериозна шанса, противникот дојде до предност од 0:1. До крајот на првиот дел Вардар имаше одлична можност да го израмни резултатот, но не успеа Михаил Танчев да реализира добра прилика, односно голманот му го брани ударот, а обид имаше и Нуредини кој шутира покрај голот. На полувреме се замина со резултат 0:1.

1 2

Во вториот дел екипата на Њу Старс постигна четири голови во нашата мрежа и на крајот не посрамоти со убедлив пораз од 0:5, додека црвено-црните немаа ниту една посериозна шанса за гол, освен обидите на Нуредини и Крстевски, кои завршија покрај голот.

4