Руските репрезентативци, Сергеј Горбок и Данил Шишкарев ќе бидат на располагање на тренерот Парондо, за чевртфиналето од Лигата на Шампионите против екипата на Пик Сегед.
Горбок и Шишкарев не влегоа во игра во второто полувреме на мечот помеѓу Русија и Унгарија, поради повреди кои ги здобија. Сепак информациите велат дека не се работи за нешто посериозно, па тие ќе бидат во составот на Вардар за следните предизвици. Шишкарев отпатува за Унгарија, каде гостува неговата репрезентација, која оди на поправен после поразот пред своите навивачи, додека Горбок се врати во Скопје и во наредниве денови ќе ја санира повредата.
Вардар на мечот со Пик Сегед кој е закажан за на 25.април во С.Ц. Јане Сандански ќе биде без услугите на Кристијан Дисингер, кој се повреди во финалето на СЕХА-лигата.