Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар ја победи Македонија Ѓ.П во пријателски дуел со 3:1
ФК Вардар ја победи Македонија Ѓ.П во пријателски дуел со 3:1

ФК Вардар ја победи Македонија Ѓ.П во пријателски дуел со 3:1

Денес се одигра пријателски меч помеѓу нашиот ФК Вардар и второлигашот тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров. Овој меч го одигравме на гости на стадионот на нашиот денешен спаринг-партнер.

Вардарци денес прикажаа  добра игра во текот на целиот меч со тимот кој е актуелен лидер во втората по квалитет лига во земјава. Овој дуел дојде во вистинско време се со цел да се одржи натпреварувачката форма на тимот за време на репрезенативната пауза. Асани Јасир пропушти да го отвори резултатот на мечот, уште по првите пет минути имаше шанса овој млад фудбалер не успеа да погоди. Првиот гол на дуелот за 0-1 беше дело на  Филип Петковски во 21 минута од тест-мечот, топката за погодок му ја  асистираше Блажевски. Со резултатот 1-0 се замина и на полувреме. Блажевски во 48 минута од вториот дел зголеми на 0-2 за црвено- црните. Вардар напаѓаше со цел да зголеми на 0-3 и по 2о-сетина минути конечно дојде третиот гол. Во  72 минута бразилецот  Хуан Фелипе со удар од 20 метри постигна прекрасен гол во мрежата на домаќинот. Единствениот погодок за  второлигашот беше постигат во последната минута со удар од 11 метри по предходен фаул на Спировски чии старт беше санциониран со “најстрога казна“.

За црвено црните настапија на денешниот тест дуел следниве 11-сетмина : Филип Гачевски, Благоја Љамчевски, Бобан Грнчаров, Стефан Спировски, Евгениј Новак, Артак Дашијан, Дарко Велковски, Дејан Блажевски, Ацо Стојков, Јасир Асани, Филип Петковски. Во игра Гоце Седлоски уфрли три играчи и еден голман од резервната клупа и тоа следниве : Дино Најдовски, Филип Ивановски, Хуан Фелипе, Игор Павловиќ.

фото:фквардар