Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар јуниор не издржа во второто полувреме, пораз од Прилеп
РК Вардар јуниор не издржа во второто полувреме, пораз од Прилеп

РК Вардар јуниор не издржа во второто полувреме, пораз од Прилеп

Избраниците на Пепи Манасков тимот на Вардар јуниор  неуспеа да дојде до третата победа едно по друго во Супер лигата. На мечот од петото лигашко коло одигран во малата сала на Спортскиот Центар Јане Сандански  беа поразени пред се заради лошата игра во вториот дел од РК Прилеп со 24-32.

Младите вардарци на полувреме заминаа со сосема активен резултат кој гласеше 13-13. Нашите момци поведоа први со 3 плус разлика и тоа 7-4 и 8-5. Потоа следеше серија од 2-6 за гостите од Прилеп со кој они успееа да дојдат до водство од 1 гол предност. До крајот на полувремето младите момци успееа да изедначат и со резултат 13-13 да заминат на одмор. Во вториот дел и ако гостите имаа убав старт и поведоа по серијата од 3-5 со два гола првпат разлика од 16-18 нашите момци имаа шанси за поволен резултат според играта. Серијата грешки кој гостите ја казнуваа беше причина црвено – црните да бидат на прагот од третиот пораз во најсилната македонска ракометна машка лига.  Гостите само ја зголемуваа од минута во минута предноста се до крајниот резултат од 8 позитива. Ова е трети пораз на младите вардарци по пет одиграни кола во Супер лигата.

Вардар јуниор:
Чаневски, Костовски 1, Спасовски, Василевски, Недановски 1, Тренчевски 2, Чурлевски 5, Ангелов 1, Ивановски, Јовчевски 5, Андоновски 3, Симиќ, Ристов 2, Манасков 2, Поповски, Вујачиќ 2.
Седмерци: 2/4. Исклучувања: 8 мин.