Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Момците на Арсовски генер.2006 тргнаа со две победи во првото пролетно коло во детската лига
Момците на Арсовски генер.2006 тргнаа со две победи во првото пролетно коло во детската лига

Момците на Арсовски генер.2006 тргнаа со две победи во првото пролетно коло во детската лига

Првото  пролетно коло во детската лига почна денес, свои мечеви имаа момците од ФК Вардар генерација родени 2006. Одигравме два дуели во истите дојдовме до две победи со екипите на ФК Скупи и ФК Кул Здравје. Фотографии од овие два дуела може да погледнете- тука.

Денес на теренот на ФФМ во Ново Лисиче ФК Вардар(1) генерација 2006 се сретна со екипата на ФК Скупи. Момците на Филип Арсовски однесоа победа со резултат 4-2. Тргнавме офанзивно веќе по 100 секунди фудбал погодивме со голот на Стефан Коловски кој рутинирано погоди по земја. Во 3 минута зголемивме на 2-0 со погодок на Марко Николовски најавувајќи триумф на овој меч. По пет минути игра успеавме да поведеме со 3-0, од почетокот на мечот ова беше трета прилика и истата ја претворивме во гол, стрелец беше Стефан Коловски. Бевме во целосна офанзива во продолжение од дуелот, но без сериозни шанси. Погодуваме и за 4-0 во 15 минута преку Марко Николовски кој зголеми со одличен погодок. Противникот се обиде, сепак на нашиот гол беше расположениот Данстак кој со одлична интервенција го сочува својот гол. Коловски имаше прилика сепак неговиот удар заврши крај голот, потоа се обиде од “мртов агол“, но еден играч на Скупи исфрли од гол-линијата. Нашиот противник намали на 4-1 преку удар од пенал во финишот на првиот дел. До крајот на првиот дел две прилики за црвено-црните имаше Михаил Танчев, сепак на одмор се замина со 4-1.

fico2
Само што почна вториот дел со удар од 15 метра намалува ФК Скупи на 4-2, а потоа имаат две прилики за гол првата мина крај дирекот, а втората успешно ја одбрани Андреј Данстак. Од дистанца се обиде Никита Патаровски  но неговиот удар голманот го одбрани. Стефан Коловски имаше прилика за “петарда“ сепак не успеа да постигне гол. Потоа имаше истиот играч прилика ама не успеа да погоди, голманот ја исфрли топката во корнер за нас по одличниот удар на Стефан. Дарко Сековски имаше две прилики во продолжение кои не испеаа да ги претвори во гол. Двојна прилика во гол не претвара и Коловски, ние напаѓаме постојано сепак не успеваме да погодиме и покрај убавите прилики. Патаровски Никита се обиде со удар од дистанца, ,топката не го посака и во оваа прилика. Последна прилика за црвено-црните ја имаше Галевски Кристијан кој се обиде од десеттсетина метра да реализира. Покрај многуте прилики момците на Арсовски триумфираа со 4-2 на овој меч.

fico3

Во вториот дуел на истиот терен нашиот ФК Вардар (2)  се сретна со екипата на Кул Здравје и во овој дуел однесовме победа. Прва прилика имавме преку Михаил Танчев  кој шутна крај голот. Потоа се обиде да го отвори мечот со погодок Максим Митревски кој шутна од 5 метра крaј голот. Отвораме со гол за 1-0, стрелец е Танчев Mихаил кој погодува по земја и го отвара резултатот. Екипата на Кул Здравје успева да изедначи на 1-1 со автогол на црвено-црните по една конфузија во одбраната. Танчев повторно е во прилика искача сам со голманот кој успева да одбрани. Ние не паѓаме постојано, имаме неколку корни нашиот противник е  целосно дефанзивно орентиран во втората половина на првиот дел. Танчев во финишот пропушта уште една колосална прилика, сепак на полувреме и покрај трудот за погодок завршуваме со резултат 1-1.

fico4

Второто полувреме имаше сосема друг тек кога во прашање се погодоците за нашите момци. Мечот почна тврдо со цврста игра на двете екипи. Неколку обиди имаа нашите противници, но на ниво беше нашиот голман  кој Мартин Ивановски бранеше сигурно. По 7 минути игра во вториот дел успеваме да го скршиме отпорот на Кул Здравје погодува Олег Михајловски, по одлична асистенција на Александар Миовски. После овој гол работите тргнаа во нагорна линија, Танчев конечно погоди, тој одзема топка од одбраната на Кул и реализираше за 3-1. Веќе во следната акција истиот играч продолжува со погодување, со третиот гол на Танчев од соло продор поведуваме со 4-1.

fico5

Напаѓаме во продолжение, во соло продор е Мирза Хасиќ тој излегува очи в очи со голманот на Кул и стрела за 5-1. Одбраната на Кул е целосно разбиена тоа го користи  Олег Михајловски кој не носи на “плус пет“ со голот за 6-1. Прилика во продолжение за гол имаме преку Хасиќ Мирза сепак голманот на Кул успева да одбрани со крајани напори. Се играше предпоследната минута од мечот кога одлично проби по десно  Филип Симоновски и прекрасно нафрли  до Ангел Настевски кој погоди со глава ефектно за 7-1. До крајот мирно го приведовме мечот триумфирајќи со 7-1 во ова прво пролетно коло.

Одлична игра во првото пролетно коло и за нашата генерација “2006“ кои се надеваме дека со победи ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.