Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со две нови победи започна пролетниот дел во детската лига за Вардаровата генерација “2005“, која покажува дека се наоѓа во одлична форма
Со две нови победи започна пролетниот дел во детската лига за Вардаровата генерација “2005“, која покажува дека се наоѓа во одлична форма

Со две нови победи започна пролетниот дел во детската лига за Вардаровата генерација “2005“, која покажува дека се наоѓа во одлична форма

Денес продолжи пролетниот дел во детската фудбалска лига, а први кои ги стартуваа своите натпревари на терените на ФФМ беа Вардаровите генерации родени “2005“ и “2006“ година. Избраниците на Игор Кралевски, генерација “2005“ продолжија со победите и на стартот на вториот дел, додавајќи на своето конто нови освоени бодови со што остануваат на првото место во својата категорија.

Први на теренот излегоа екипите на Вардар (1) и Кул Здравје, а натпреварот убедливо им припадна на нашите млади надежи. Уште во првата минута од натпреварот еден од најдобрите стрелци на оваа генерација, Горјан Цветков го отвори резултатот и најави триумф на воведниот натпревар за оваа пролет. На вториот гол не се чекаше многу време, откако Лука Јакимовски го зголеми водството на 2:0 за веќе солидна предност во првите минути од натпреварот. Екипата на Кул Здравје не беше за потценување и даде силен отпор на Вардарци, посебно во првото полувреме, кога и успеаа да го намалат резултатот на 2:1. Голот беше постигнат од пенал, откако нашиот состав направи три корни. До крајот на првиот дел посериозен обид имаше уште Филип Радевски, но неговиот удар успешно го скроти противничкиот голман.

vardarfans-vardar-1

Во вториот дел дојде до целосен израз квалитетот на Вардарци и пред се физичката подготовка. Прв кој се обиде во второто полувреме беше Горјан Цветков кој биеше од слободен удар, сепак голманот на Кул Здравје брани со крајни напори и не дозволува поголема негатива. Таневски имаше можност набрзина да зголеми, но ударот завршува во пречката од противничкиот гол. Се насетуваше дека Кул Здравје неможе вечно да одолеа на нападите од избраниците на Кралевски кои потврдуваат дека се наоѓаат во одлична форма. Противникот направи три корни, што беше знак за судијата да покаже на белата точка. Сигурен реализатор беше Горјан Цветков за предност од 3:1.

vardarfans-pobeda-so-kul-zdravje

Вардар продолжи со офанзивната игра, а како резултат на тоа следи и нов погодок во мрежата на противникот.Втор гол на овој меч и за борбениот Лука Јакимовски кој погодоува, откако претходно од прекин биеше Цветков, само за момент голманот ја одби топката која стигна до Лука овој бие за нов погодок и водство од 4:1. Во второто полувреме на голот застана Василиј Мариновски кој го замени Леонид Илиевски. Прилепскиот голман на Вардар спречува чсит гол, откако еден од играчите на Кул излезе очи на очи со него, но Василиј со бравурозна одбрана спречува гол во својата мрежа. До крајот на натпреварот уште два гола во мрежата на Кул и тоа за хет-трик на Цветков за водство од 5:1. Последниот гол на натпреварот го постигнува Влатко Кулуковски конечен резултат од 6:1.

Победа забележаа и нивните соиграчи од Вардар (2) кои за противник го имаа тимот на Форца. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 4:1. Интересно по првиот дел противникот имаше водство од 0:1. Голот беше постигнат од голема далечина, изненадно за нашиот голман кој со лоб удар беше измамен за предност на Форца. Иако до крајот на првиот дел се обидовме на неколку наврати да го израмниме резултатот, во таа намер не успеавме. Во шанса се најде Величковски, но голманот успешно одбрани. Потоа обиди имаа и Лефковски и Здравковски но сеуште резултатот остана непроменет. Последна шанса во првиот дел имаше Серафимов но без погодок.

vardarfans-pobeda-so-forca

Во второто полувреме речиси за три  минути Вардар успева да постигне два гола и набрзина да има предност од 2:1. Најпрво по една грешка во противничкиот шеснаесетник најдобо се снајде Никола Величковски кој го израмнува резултатот на 1:1. Веќе во следната прилика следиме евро гол на Ѓорѓи Дошев и тоа директно од слободен удар ја погодува мрежата на Форца за водство од 2:1. До крајот на натпреварот следиме надмоќ на Вардар кој успева да постигне уште два гола. Откако противникот направи три корнир беше досуден пенал, а сигурен реализатор беше Филип Јовановски за предност од 3:1. Имавме можност да го зголемиме резултатот преку Дошев и Серафимов, но овој пат голманот на Форца е присебен и не дозволува нов гол. Имаше Форца убава шанса да го намали резултатот и да донесе неизвесност, сепак Василиј го брани ударот. За точка на натпреварот и за потврда на победата се погрижи Матеј Гаштаров кој со својот прв гол го поставува конечниот резултат од 4:1.

vardarfans-vardar-2

Оваа генерација на Вардар продолжува со победите и на стартот од пролетниот дел и го заджува ефектот на единствен клуб во оваа генерација која има максимален број на освоени бодови во детската лига. Утре избраниците на Кралевски ги очекуваат нови два натпревари во рамките на второто пролетно коло.