Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за ФК Вардар генер.2006 во дербито со ФК Форца во Детската лига
Две победи за ФК Вардар генер.2006 во дербито со ФК Форца во Детската лига

Две победи за ФК Вардар генер.2006 во дербито со ФК Форца во Детската лига

 Денес на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Ново Лисиче се одигра 2.коло од детската лига. Во ова коло првите дуели ги одигра ФК Вардар генерација родени 2006 и во двата дуела одиграа мечеви кои беа дерби против тимот на ФК Форца. Црвено-црните дојдоа до две победи во овиее средби.

2

Во првата средба ФК Вардар(1) високо го совлада тимот на ФК Форца-1 генерација родени 2006 со резултат 5-0. Ние особено во вториот дел  ние бевме подоминантен тим. На почетокот од првиот дел две прилики имаше Алтин Алији, а потоа шанса за погодок впиша и Марко Николовски. На одмор и покрај доминацијата во поле отидовме со минимални 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Алтин Алији. за црвено-црниот тим.

3

Вториот дел почна со ран погодок, Олег Михајловски имаше одличен влез, прекрасно го пронајде Алтин Али кој погоди за 2-0.  Следеа две прилики крај гол шутна Али, а потоа Марко Николовски се обиде, но топката мина крај рамката од голот на Форца. Со својот тред гол, Алтин Алији. зголеми на 3-0. Ние имавме по ова серија одлични прилики, Нуман Ајетовиќ, имаше обид од дстанца кој голманот го одбрани, исто така стопрен беше ударот и на Дамјан Крстевски.  Во два обида од полушанса се закани Форца, ама на нашиот гол сигурен беше Данстак.  До крајот двапати блеснаа Алтин Алији, тој најпрвин зголеми на 4-0, а потоа погоди и за 5-0. Сите голови за нас денес на дербито со Форца ги постигна токму он. Последна шанса имаше Митев Марко кој шутна волеј крај голот.

6

Во втората дерби средба ФК Вардар (2) генер.2006 дојде до победа во соочувањето со ФК Форца-2 со минимални 2-1 (1-1). На почетокот на првиот дел момците на Филип Спасевски тргнаа офанзивно сепак не успеаа да поведат. За тоа пристигна казна и тимот на Форца-2 предводена од Џипунов успеа да поведе со 0-1. Ние атакувавме на голот на ривалот со цел да изедначиме, за резултатска симетрија 1-1 погоди Антониј Димов. Тој играч имаше уште една прилика која не ја реализираше во првиот дел, на одмор заминавме со нерешен резултат 1-1.

4

Втоиот дел го започнавме како и првиот со офанзива, среќа имавме добра реализација на самиот почеток. Михаил Танчев влезе во елемент на самиот почеток, имаше две прилики во првата одлично погоди за водство од 2-1, а во втората шутна над голот. Во овој дел имавме неколу одлични прилики по постигнатиот погодок, најпрвин Олег Трифуновски шутна одлично, а голманот на Форца исфрли во корна, потоа Михаил Николов се обиде. Тој шутна прекрасно од дистанца, но голманот на ривалот со крајни напори исфрли. Имавме повеќе од поседот на топката во овој втор дел, креиравме уште некоку шанси. Трифуновски Олег и Антониј Димов имаа уште по еден обид. Сепак не погодија, но победата беше обезбедена претходно, ние со офанзивна игра ја браневме истата.

5