Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар се вратија од “безната“ со пресврт, по минус два успеаа да победат со високи седум гола на гостински дуел
Кадетките на Вардар се вратија од “безната“ со пресврт,  по минус два успеаа да победат со високи седум гола на гостински дуел

Кадетките на Вардар се вратија од “безната“ со пресврт, по минус два успеаа да победат со високи седум гола на гостински дуел

Денес, девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева, кадетките на Вардар гостува кај екипата на РК Макаслоски во градот Прилеп. Црвено-црните дами го добија овој натпревар  кој е дуел во рамките на 5.коло од групата 2 на кадетската лига. Вардарки триумфираа со пресврт во вториот дел, на крајот резултат беше  23-16.

На почетокот со два гола домаќинот имаше почетно водство со 2-0, но нашите девојки веднаш потоа одигаа прекрасно во одбраната. Тие запреа неколку напади на противникот и со влегоа во серија, со четири последователни гола ние го преземавме водството и поведовме со 2-4.  Домаќинот се врати во игра и изедначи на 4-4,  се до крајот се играше гол за гол и имаше уште четири изедначувања. Беше 5-5, 6-6, 7-7 и на во самиот финиш влеговме со резултатска симетрија на семафорот  8-8. Во последниот напад домашниот тим погоди за 9-8, резултат со кој се замина на одмор.

Во вториот период  најпрвин домаќинот во вториот дел поведе и со плус два, 10-8, а по 5 минути игра тие ја одржаваа ова предност па на семафорот стоеше 12-10, веднаш потоа за нив следеше “вардарова лекција“.  Нашите девојки влегоа во серија, пеколни беа во одбраната, во нападот казнуваа со лесни голови. Со одлична серија од  1-6, го преземавме водството и поведовме со 13-16. Од тогаш до крајот ја контролиравме целосно играта, од минута во минута додатно ја зголемувавме предноста па триумфот беше изразен со седум гола позитива. Нашите девојки од моментот кога беа на минис два, до крајот кога победија со седум гола, успеаа да имаат постигнато дури девет гола повеќе од ривалите.

Кај нас најдобар стрелец со седум гола беше Мила Пешиќ, Коцева Борјана имаше пет, а нејзината близначка Бојана гол помалку, односно постигна четири гола.