Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар продолжува да “меле” , падна и Победа
Вардар продолжува да “меле” , падна и Победа

Вардар продолжува да “меле” , падна и Победа

Вардар продолжува да гази во ПМФЛ. Уште една одлична партија и победа донесоа момците на Александар Васоски. По победите над Работнички и Силекс, падна и Победа во Штип. Голот за Вардар вреден три бода го постигна Вилијан Лира во 57. минута од дуелот.

Во првиот дел како исто како и на дуелот со Силеск, резултатот беше 0:0 иако и двете екипи имаа по некоја шанса да постигнат погодок. Сепак, на полувреме се замина со почетните 0:0. Дека Вардар е мајстор за вториот дел, покажа и денешниот резултат. Се играше 57. минута а Вилијан Лира со својот втор гол сезонава донесе водство за нашиот тим. Вардар по голот, умешно го чуваше резултатот па така повторно победи со 0:1 и донесе нови три бода.

Со оваа победа, Вардар се зацврсти на првата позиција на табелата, со сега веќе четири бодови повеќе од Ак. Пандев и пет од Шкендија.