Вардар со голот на бразилецот Лира ја победи прилепска ФК Победа со 0-1 во гости, покрај тоа конкурентите Академија Пандев и Шкендија одиграа нерешено помеѓу себе. Со ова ние се одлепивме додатно на врвот на табелата и сега имаме 20.бода, 4 повеќе од “Академците“ кои имаат 16.бода и пет повеќе од Шкендија која има 15.бода. Браво за Васовски и момците кога сите не отпишаа ние газиме во ПМФЛ.
Вардар е единствена екипа без пораз во цела лига, досега имаме шест победи и два реми исхода во лигата. Покрај тоа црвено-црните ја имаат најдобрата одбрана во лигата со само четири примени гола. Табелата изгледа вака: