Денес на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Ново Лисиче се одигра 2.коло од детската лига. Во ова коло екипите на ФК Вардар генер.2008 предводени од Миле Крстев одиграа два меча со тимот на ФК Форца. Во дерби дуелот на “единиците“ ФК Вардар дојде до победа со 11-0, во другиот дуел забележавме пораз.
ФК Вардар(1) беше доминатен во средбата со ФК Форца-1, ние по првиот дел веќе најавиме висока победа во кој доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра. Напаѓавме постојано во текот на првиот период, особено радуваше прекрасната игра во поле од која задоволен беше и тренерот Крстев. Од дузина шанси погодивме четири па на одмор заминавме со предност од 4-0. За нас погодија четири различни играчи во овој период: Лука Трпевски, Дамјаноски Ненад, Стефан Бранковски и Коста Бошковски ја “решетаа“ мрежата на Форца.
Во вториот дел на самиот почеток во елемент влезе Арти Азизи и погоди за само пет минути дури три пати. Најпрвин по одлична асистенција на Киш Матеј постигна гол за 5-0, а потоа со два соло продора зголеми најпрвин на 6-0, а потоа и на 7-0. Ние имавме и неколку убави прилики помеѓу головите на Азизи, Лука Трпевски и Стефан Бранковски се заканија од игра. Потоа од слободен удар одлично шутна Киш, но неговиот удар го одбрани голманот на ривалот. Матеј Киш со удар од 15-16.метра на атрактивен начин зголеми на 8-0. На сцена стапи голманот Лука Грчевски, најпрвин одлично одбрани еден удар а потоа изведе два пенала. Во двата обида шутираше силно крај десната статива, покрај него уште еден гол постигна неговиот имењак, Трпевски па ние дојдовме до високи 11-0. Со овој резултат дојдовме до трите бод на дуелот.
ФК Вардар(2) се сретна со тимот на ФК Форца-2, во еден дуел во кој ние имавме многу нереализирани шанси не казни противникот и успеаа да не совлада казнувајќи ги нашите не реализирани прилики. Форца го доби овој натпревар со резултат 4-1 (2-0). Момците на Миле Крстев на старотот на првиот дел одиграа солидно, имаа неколку прилики, сепак не успеававме да погодиме. Големи прилики имаа Бојан Пешов, Павел Андов и Илија Митаноски кои не ги претворивме во гол. Сето тоа беше за жал казнено и со два гола, тимот на Форца-2 замина на одмор со предност. На пауза заминавме со негатива од 0-2.
Вториот дел почна со одбрана на Дарко Јовчев на нашиот гол, тој скроти еден незгоден удар на Форца на самиот почеток. Павел Андов ја мина целата одбрана, го сволада и голманот, шутна силно сепак среќата не го посака и погоди статива. Се обиде и Стефан Марковски, но не успеа па повторно бевме казнети. Форца поведе и со 0-3 на овој натпревар. Ние постигнавме почесен погодок преку Стефан Марковски кој намали на 1-3. До крајот се беше исто ние се трудевме, но погоди Форца, тие не совладаа со 4-1 на овој натпревар.