Кадетите на РК Вардар гостуваа кај тимот на РК Драчево во рамки на кадетската машка лига во меч од групата-1. Црвено-црните момци на Будимир дојдоа до победа со резултат 14-26 (5-22) и продолжија со доминантните игри во лигата.
Дуелот почна со 1-0 за домаќинот, потоа стандардно проработе нашата одбрана па со серија 0-6 се одлепивме на плус пет. Од минута во минута го “газевме“ противникот па средината од првиот дел поведовме со двоцифрена предност, ние водевме 2-12 и најавивме дека на овој дуел единствено прашање кое е отворено е “колкава ќе биде предноста на на крајот“. Успеавме и во вториот дел од првото полувреме да ја задржиме истата игра па на крајот со 17+ отидовме на одмор. Ние со предност од 5-22 го завршивме првиот период од 30.минути.
Вториот дел почна со по еден гол на двете страни за почетни 6-23 во наша корист. Вториот дел беше пресликан од првиот, ние во одбраната игравме пеколно, газевме , а во напдаот тоа го наградувавме. Од минута во минута ја зголемувавме предноста која на крајот стигна до неверојатни 22. гола за црвено-црниот тим предводен од Будимир. Победата и доминацијата на мечот беше потврдена со резултатот 14-36.
Кај нас тојца момци: Атанасовски, Пешевски и Савревски имаа по пет гола, а пак Димчевски Благоја постигна гол помалку во овој триумф.