Вардар успеа да однесе нови два големи бодови од Унгарија. Избраниците на Парондо направија нов голем резултат и го победија тимот на Веспрем, со резултат 25:27.
Вардар имаше можност да го отвори натпреварот со гол, но не успеа лоб ударот на Чупиќ од седум метри, затоа на спротивната страна врати Ласло Наѓ. Во следните десет минути се играше гол за гол, иако домашниот тим брзо ги реализираше нападите, за разлика од вардарци кои играа трпеливо во нападот. После првата одбрана на Дејан Милосављев во 10 минута, веќе во следната стигна и првото водство за избраниците на Парондо кои поведоа со 4:6 и тоа со два последователни погодоци на Борозан, односно тоа беше серија на Вардар од 0:3, откако за последен пат во првиот дел, противникот имаше водство од 4:3. На нашиот гол се разбрани Милосављев, а тоа беше повод за неговите соиграчи да се разиграат. Одлично делуваше одбраната која ја постави Парондо, а бековите на Веспрем беа далеку отсечени. Вардар можеше за брзо време да се одлепи на три и повеќе гола предност, ако не ги промашевме двата зицери, односно Штербик успеа да одбрани. Милосављев повторно во елемент, а Вардар зголеми на 4:7 во 16 минута и тоа со погодокот на Дибиров, откако Борозан несебично асистираше, иако имаше позиција за влез и шут. За момент, словенското крило, Гајиќ ја прекина лошата серија на својот тим, кој беше без гол осум минути, за да реализира пенал и да намали на 5:7. Следните минути му припаѓаат на нашиот шампион, кој успеа да стигне до највисоки пет голови разлика. Милосављев ми фати втор зицер од крило на Гајиќ и веќе стигна до шесттата одбрана, додека нападот на Веспрем изгледаше целосно изгубен. Во два контра-напади успеваме да постигнеме голови и да зголемиме на 7:12. Сепак домашниот тим кој беше бодрен од своите навивачи успеа да ја преполови негативата и за пет минути да намали на само еден гол разлика 11:12, со погодокот на Гајиќ, но Вардар не реализира два зицер удари, најпрво Фереира од својата позиција, а потоа и Борозан од контра, Штербик одбрани чист удар. Ова беше знак за Парондо да повика тајмаут и да ги смири своите играчи. Го прекинуваме лошиот период, откако погоди Кристопанс за 11:13, резултат со кој се замина на полувреме, иако имавме и последен напад, за плус три, кој не успеваме да го претвориме во гол. Милосављев по првите 30 минути имаше 7 одбрани, додека најефикасен кај нас беше Дибиров со 4 голови.
Веспрем за брзо време во вториот дел ја стопи нашата предност, кога по осум минути игра ни дозволи да постигнеме само еден гол, наспроти домаќинот кој направи серија од 5:1 и поведе со 16:14 и тоа со два последователни голови на Машковчек. Следеше минута одмор, кој ја повика Парондо, за веднаш Борозан да постигне гол и да намали на 16:15, за во следниот напад и Дибиров да го израмни резултатот на 16:16 во 40 минута, за мечот да започне од почеток. Во следните пет минути се играпе гол за гол, а резултатот беше израмнет и во 36 минута кога беше 19:19. Голем хедикеп за Вардар, поради повреда играта мораше да ја напушти Фереира, додека Манаасков од контра-напад му носи предност на Веспрем од 21:19. Штербик повторно не запира, овој пат во моменти кога имавме двајца играчи повеќе на терен, не успеваме да реализираме преку Чупиќ, но истиов играч од контра намали на 22:21 на осум минути пред крајот. Возбудливи последни минути од мечот, Ненадиќ ја испушти топката, Дибиров го погоди празниот гол на Веспрем од нашата половина, за израмнување на 22:22. Каков пресврт прави Вардар, Борозан е фаулиран и досуден пенал за Вардар, кој го реализира Чупиќ. Борецот Фереира се врати на терен и постигна гол за предност од 24:25 во 57 минута. Уште еден гол на бразилецот за плус два гола за нашиот тим. Милосављев брани, Вардар слави со резултат 25:27.
Дибиров најефикасен со 6 голови, Милосављев имаше 12 одбрани. Во следното коло сме домаќини на Рајн-Некар.