Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Повторно одигаа храбро, најмладиот тим во лигата Вардар Јуниор забележа нова победа
Повторно одигаа храбро, најмладиот тим во лигата Вардар Јуниор забележа нова победа

Повторно одигаа храбро, најмладиот тим во лигата Вардар Јуниор забележа нова победа

Викендов на програмата во машкита Супер лига за одигрување е треттото коло, во истото младиот тим на Вардар Јуниор  беше домаќин. Ние во големата сала при С.Ц “Јане Сандански“  ја пречекавме екипата на РК Прилеп 2010 од истоимениот град. Натпреварот повторно беше неизвесен како и првиот домашен дуел на момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков, и повторно покажавме храброст и го совладавме повозрасниот и поискусен ривал, црвено-црните победија со резултат 29-28.

f4

Лошо отворовиме на почетокот, прилепчани поведоа со 0-3 на самиот старт. Следеше серија на голот на Петковски Андреј, по неколкуте негови одбрани ние успеавме да изедначиме на 3-3 во 8.минута со голот на Крстевски Стефан. Следеше тежок дел, двата тима играа борбено, со многу жар, и постојано едниот тим поведуваше а другиот изедначуваше се до 9-9. Тогаш ние со два врзани гола се одлепивме на 11-9, но следеше серија 1-3 на на прилепчани со која изедначија на 12-12. Во последниот напад успеавме да погодиме и со 13-12 заминавме на одмор. Мора да се потенцира одличната игра на целиот тим кој машки се бореше со противникот, оваа екипа е убедливо најмлад состав во Супер лигата.

f1

Вториот дел започна како и првиот, со добра игра на РК Прилеп тие со два гола го преземаа водството и поведоа со 13-14 на стартот. Ние си голот на Димитровски Иван изедначивеме веднаш на 14-14. Од тогаш па се до 20-20 се играше гол за гол, двата тима поведуваа со еден гол предност, а ривалот веднаш враќаше. Противникот потоа врза серија од три гола во нападот, а во одбраната ја сочува сопствената мрежа и поведе со 20-23. Сепак младите и храбри вардарци не се предадоа, влегоа во “клинч“ со ривалот и се вратија во игра.  Со огромно заложување во поле ние влеговме во страшна серија, па така со серија 7-1 успеавме ние да поведеме со 27-24 пред самиот крај. Одличната игра беше наградена со победа од 29-28 што беше дело на голманите, цврстата одбрана, но и креативноста во нападот на Вардар Јуниор.

f3

Кај нас прв стрелец беше Кулуковски со девет  гола, Крстевски погоди седум пати, додека Димитровски беше успешен четири пати во нападот.