Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Се што побарав од нив момците исполнија, Карачиќ: Горд сум на тимот
Парондо: Се што побарав од нив момците исполнија, Карачиќ: Горд сум на тимот

Парондо: Се што побарав од нив момците исполнија, Карачиќ: Горд сум на тимот

Вечерва, РК Вардар успеа да однесе нови два големи бодови од Унгарија. Вардарци направија нов голем резултат и го победија тимот на Веспрем, со резултат 25:27. Роберто Гарсија Парондо за овој дуел даде своја оценка во која вели:

По оваа победа сум,  познато е  колку е силен Веспрем и колку е тешко да се победи овде. Имаме многу повредени играчи, немаме долга клуппа како лани, но повторно покажавме карактер и јавно им се заблагодарувам на моите ракометари за тоа. Дел од нив настапија и повредени, но се што побарав од нив, тие исполнија- вели Парондо.

Игор Карачиќ кој одигра одлично особено во вториот дел беше одличен во поле, тој исто така е воодушевен од овој успех.

Игравме со Веспрем околу десет пати во изминатите три години, знаеме колку е тешко да се слави против нив. Затоа сум многу среќен и горд на мојот тим. Исто така, честитки за Веспрем за фер-борбата, нешто што секогаш го краси овој клуб- вели Карачиќ.