Wednesday ,22 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пролета отворена со две победи за генер. “2008”
Пролета отворена со две победи за генер. “2008”

Пролета отворена со две победи за генер. “2008”

Денеска на терените на Работнички стартуваше првото пролетно коло за вардаровата генерација 2008. Оваа пролет ќе гледаме две екипи, односно една нова екипа која со настапи започна токму денеска. И на двата денешни натпревари нашите млади момчиња победија, против тимовите на Работнички и Њу Старс.

16996827_1373142009409720_155258694_nНајпрвин нашите момчиња одиграа натпревар против Работнички. Серијата на победи без ниту еден пораз продолжи и денеска. Нашите играчи уште од стартот постигнаа погодок и најавија дека и на овој меч нема да имаат посериозни проблеми. Нашиот тим на полувреме водеше веќе со резултат 3:0. Во вториот дел вардарци беа уште по убедливи, погодија уште на четири наврати за конечни 7:0 на овој натпревар. Стрелци на головите за Вардар на овој меч беа: Јохан Зизајковски 2, Ненад Дамјановски 1, Арти Азизи 1, Илија Митаноски 1, Матеј Киш 1, Бојан Пешов 1.

16939211_1924536704443310_8599313788253697712_nПобедничкиот ден и првата победа во лигата ја запиша и првиот тим. Нашите момчиња беа подобри од тимот на Њу Старс со резултат 5:0. И на овој натпревар нашите играчи во ниту еден момент немаа проблеми, уште од самиот старт погодија за предност. Вреди да се напомене дека на овој натпревар одлична партија прикажа и нашиот голман Лука Грчевски, кој одбрани неколку одлични удари на противникот. Стрелците на головите за Вардар на овој натпревар беа: Стефан Марковски 2, Филип Сребров 1, Ненад Дамјановски 1, Стефан Бранковски 1.