Денес во рамки на групата 2 од кадетската лига девојките од Вардар СЦЈС гостуваа во Струга кај Стружанка. Избраничките на Платон и Кузмановска дојдоа до гостинска победа со пресврт во вториот дел на овој меч со резултат од 18-23. Тие со победа ја отворија пролетната сезона во кадетската лига.
На почетокот со гол мечот го отвори Вардар, а веќе неколку минути игра поведовме со 0-4 најавувајќи триумф на овој дуел. Сепак домаќинот не се предаваше така лесно и се врати во игра со серија 6-2, изедначувајќи на 6-6 некаде на средината на првиот период. Ние вративме со гол за 6-7, потоа следува а минути гол за гол во кои двата тима дадоа по 3 гола за во финишот да влеземе со 9-10. Домаќинките во последните моменти со два гола отидоа на полувреме со предност 11-10.
Вториот дел со погодок го отвори нашиот тим изеначувајќи на 11-11, во продолжение постојано беше нерешено првин 12-12 па 13-13 и на крајот 14-14. Тука нашите девојки се издигнаа и со серија 0-3 поведоа со 14-17 која ќе се покаже како клучна за победата. Домаќинките намалија на 15-17, сепак ние им приредивме нова серија 1-5 и поведовме со високи “плус шест“ односно 16-22. На крајот победата беше изразена со резултат 18-23. Кај црвено-црните најефикасна беше Неловска со 7 гола, а по пет гола имаа Динева и Атанасова.
Оваа кадетска екипа стигна со својата шестта последователна победа од исто толку одиграни натпревари и останува на првото место на табелата.