Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победи за младинците на Вардар и за генерацијата „2004“ на контролни натпревари против екипите на Македонија Ѓ.П и Скопје
Победи за младинците на Вардар и за генерацијата „2004“ на контролни натпревари против екипите на Македонија Ѓ.П и Скопје

Победи за младинците на Вардар и за генерацијата „2004“ на контролни натпревари против екипите на Македонија Ѓ.П и Скопје

Две генерации на фудбалскиот клуб Вардар денес одиграа контролни натпревари, на кои забележаа победи. Се работи за генерацијата на Вардар родени 2004 година и за младинците.

Генерацијата 2004 под водство на Петар Георгиевски на теренот на Академијата одигра контролен натпревар со екипата на Скопје, која ја совладаа убедливо со резултат 7:0. На овој меч по два гола дадоа Гуџуфи, Идризи и Попов, додека еднаш во листата на стрелци се запиша Ибраими.

Вардар: Ангелов, Јаневски, Милошевски, Љушев, Дошев, Серафимов, Хајдари, Стојановски, Попов, Гуџуфи, Перковски.

До победа на гостувањето во Ѓорче стигнаа и вардаровите младинци кои ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П со резултат 4:2. Избраниците на Сашо Тодоровски први успеаа да го отворат реззултатот на 1:0, откако погоди Александар Младеновски, откако од левата страна по земја нафрли Игнатов, од прва биеше Младеновски кој ја тресе противничката мрежа. На вториот гол не се чекаше многу време, а истиот го постигна новото засилување кај Вардар, се работи за Антонио Божиноски, кој од слободен удар од некаде 20 метри стрела прецизно за водство од 2:0. Овој резултат беше и актуелен по првото полувреме.

Вардар успеа да го зголеми резултатот на 3:0, со првиот гол денес на играчот задолжен за дефанзива, Александар Ѓорѓиески кој украде една топка од противничката половина и сам ја завршува акцијата. После овој погодок следеше и прв гол во нашата мрежа, за намалување на 3:1. Сепак црвено-црните ја вратија предноста од три гола, откако повторно погоди Ѓорѓиески, откако од изведен корнер пречката ја погоди Манасиевски, сепак истата стигна до Ѓорѓиески кпј не му беше тешко да постигне гол, за убедливи 4:1. Во последните пет минути од мечот, домашниот тим постигна и втор гол и ги постави конечните 4:2.

Вардар: Китановски, Радевски, Петковски, Манасиевски, Стојчески, Ѓорѓиески, Пешевски, Митревски, Божиноски, Игнатов, Младеновски.

Во игра во вториот дел влегоа уште и Андоновски, Стојковски, Тасев и Ѓурковски.