Во овој момент се крева парола од навивачите на Вардар. Паролата е за големиот Арпад Штербик кој помина незаборавни моменти во нашиот дрес и беше еден од најзаслужните што трофејот дојде во нашиот главен град и во витрините на Вардар.
Комитите со оваа парола покажуваат дека Штербик никогаш нема да биде заборавен иако во овој момент настапува против Вардар. Пред стартот на натпреварот секако голманот доби и големи овации и аплауз од присутните во салата.
Паролата гласи: ШТЕРБИК ФАЛА ТИ ЗА СЕ!