Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар “2006” со две убедливи победи денеска
Вардар “2006” со две убедливи победи денеска

Вардар “2006” со две убедливи победи денеска

ФК Вардар генерацијата 2006 им се врати на победите во Детската лига. Денеска на терените на ФФМ и двете екипи на Вардар славеа победи против тимовите на Фљамуртари и Њу Јорк.

Вардар (1) одигра повеќе од убедливо и со дури 15 погодоци го совлада тимот на Фљамуртари кој на овој натпревар делуваше многу немоќно, а даде и еден гол како мала утеха на примените погодоци.

Стрелци кај Вардар денеска беа: Алтин Алији со дури 6 погодоци, Марко Николовски 5, Петар Мицевски 2, Михаил Николов 1 и Нуман Ајетовиќ 1.

Вардар (2) се радуваше на победа исто како и Вардар (1). Поведе Њу Јорк со 1:0 но до крајот на полувремето Михаил Танчев со хет-трик донесе пресврт за водство од 3:1. Во второто полувреме тренерот им даде шанса на сите деца и во листата на стрелците се запишаа уште Лука Митрески со два гола и по еднаш Олег Михајловски и Антони Динов