Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и реми за ФК Вардар генер.2008 во Детската лига денес
Победа и реми за ФК Вардар генер.2008 во Детската лига денес

Победа и реми за ФК Вардар генер.2008 во Детската лига денес

Денес во рамки на вондредното коло во Детската лига екипите предводени од Миле Крстев, ФК Вардар генерација родени 2008 година одиграа два меча. Црвено-црните надежи на дуелите кои се одиграа на терените на ФФМ  во Ново Лисиче успеаа да дојдат до позитивни резултати, тие забележаа една победа и едно реми.

Екипата на ФК Вардар(1) се сретна со тимот на ФК Сарај од Скопје, во овој дуел црвено-црните доминираа во сите аспекти на фудбалската игра недозволувајќи и најмалку прилика на противникот да се надева на нешто повеќе. По првиот дел веќе се беше јасно, ние погодувавме постојано во мрежата на тимот од западно Скопје, па на пауза отидовме со високи 8-0.
Во вториот дел иако со висока предност го завршија првиот дел момците на Крстев продолжија со атаци кон голот на Сарај. Уште шест пати успеавме да ја затресеме мрежата на нашиот ривал за конечни 14-0 на оваа средба од Детската лига. Покрај големиот број голови овој тим одигра одлично и во поле, игра која ја потенцира и ја добива од своите пулени тренерот Крстев. Седум различни играчи ја тресеа мрежата на противниот: Матео Кесиќ (4),  Ненад Дамјаноски (2), Стефан Бранковски(2), Лука Трпевски (2), Матеј Киш(2), Коста Бошковски и Огнен Бојковски.

u2

Во  дуелот број два Вардар (2) генер.2008  се сретна со тимот на ФК Албион, во еден темпераментен дуел двата тима ги поделија бодовите. Овој натпревар заврши со резултат 3-3 (1-1), сепак ние сме тие кои треба да жалиме што не дојдовме до “цел плен“ на оваа средба. Во првиот дел имавме неколку прилики за погодок сепак првиот дел заврши со еден постигнат гол во мрежата на ривалот и со  резултатска симетрија, 1-1.
Во вториот дел  влеговме одлично, па и  успеавме да поведеме со 3-1, сепак на крајот по мало опуштање тимот на ФК Албион успеа со два гола да изедначи на 3-3.  За нас головите денес  ги постигнаа тројце различни момци, станува збор за Илија Митаноски, Перо Блажевски и Павел Андов.