Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Пролет поведе па го разбуди “црвено-црниот лав“, кадетите на Вардар се вратија со пеколна серија и убедливо победија
РК Пролет поведе па го разбуди “црвено-црниот лав“, кадетите на Вардар се вратија со пеколна серија и убедливо победија

РК Пролет поведе па го разбуди “црвено-црниот лав“, кадетите на Вардар се вратија со пеколна серија и убедливо победија

Денес во салата “Македонско Сонце“ екипата на РК Тинекс 62 од Скопје ја пречека кадетската екипа на РК Вардар во меч од 7.коло во групата-1. Домаќинот на почетокот се закани со водство, но екипата на  Будимир Андријана и Станковски Аце  им пружи ракометна лекција во продолжение. Тие со оваа нова победа дојдоа до шестата победа од исто толку мечеви, како и лани така и оваа сезона не навикнаа на 100% успех во дуелите.

w3

Дуелот започна со тврда игра на домаќинот тие поведоа на почетокот со 1-0, а потоа водеа и со два гола, 4-2. Посакаа  и успеаа да го разбудат “лавот“, па во продолжение им се случи потоп. Вардарци пеколно заиграа во одбраната, во нападот интелигентно казнуваа влегувајќи во неверијатна серија 1-8. Со истата направивме целосен пресврт и од минис два, отидовме на комотни плус пет, односно  5-10. Во продолжение од првиот дел знаевме што сакаме, одигравме умно гол за гол па на одмор заминавме до петте предност на нашето конто. За време на паузата стоеше 10-15 на семафорот во салата “Македонско сонце“.

w4

Вториот дел го започнавме со два врзани погодока за предност од 10-17. Од минута во минута го газевме противникот, успеавме некаде на средината од вториот период да поведеме и со двоцифрена предност. Црвено-црните момци на Будумир водеа со десет гола при резутат 17-27. До крајот остана само рутината да се одработи преостанатиот дел од дуелот и да се впише нова победа во перфектната низа. Победата за црвено-црните  кадети беше изразена со резултат 25-32 на крајот. Повторно покажавме дека сме број-1 екипа во оваа група, квалитетна во одбраната која не краси со одлични голмани, борбена во нападот и одлично водена од клупата.

w5

Кај нас на овој натпревар со РК Пролет 62 најефикасен беше: Савревски со 8 гола,  гол помалку односно 7 погодоци имаше Чакалиќ Бојан, третти стрелец  беше Павловски Борис со 5 успешни удара.