Младиот тим на ЖРК Вардар, утре го игра дуелот од 7.коло во женската Супер лига против новакот во оваа конкуренција тимот на PK ЦЕМС-2018. Вардарки во ова коло влегуваат како 2.пласирани со 13 освоени бода по одиграни шест меча. Одлично досега младиот тим на црвено-црните игра во лигата па изненадувачки е на врвот на табелата.
Утре, ќе се обидеме да се продолжи низата од три меча со победа, односно да дојдеме до четвртиот триумф по ред. Ова ќе биде интересен дуел бидејќи во ривалот играат неколку девојки кои изминатите сезони беа дел од нашиот тим. Со тимот на ЦЕМС-2018 во подготвителниот период одигравме контолен-дуел кој го добивме со резултат 26:36 ( 13-17). Утрешниот дуел се игра со почеток во 13-00 часот, во салата Христо Ботанџиев во Ѓорче Петров.