Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дисингер го имаше првиот тренинг во Вардар
Дисингер го имаше првиот тренинг во Вардар

Дисингер го имаше првиот тренинг во Вардар

Најновото засилување за Вардар, германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер после потпишување на договорот со црвено-црните веднаш се фати за работа. Новиот лев бек на Вардар вчера попладне го имаше првиот тренинг во својот нов клуб, каде имаше можност да се запознае со своите соиграчи.

Дисингер нема да биде во составот за дуелот со Киелце во Лигата на Шампионите, кој ќе се одигра во недела, додека своето деби во црвено-црниот дрес во најголемото натпреварување ќе го има во рамките на 6.коло кога Вардар на домашен терен ќе го пречека тимот на Брест Мешков.

На својот инстаграм профил, Дисингер веднаш се пофали со новиот клуб, истакнувајќи дека е среќен што Вардар му дава нова шанса во неговата кариера.