Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шкупи е следниот противник за вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во регионалната-скопска лига
Шкупи е следниот противник за вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во регионалната-скопска лига

Шкупи е следниот противник за вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во регионалната-скопска лига

Во сабота редовното коло од регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар родени “2004„ и “2005„ година. На теренот на Академијата ќе гостува екипата на Шкупи од Чаир.

Вардаровата генерација “2005„ има максимален број на освоени бодови, избраниците на Сашо Јанев имаат четири последователни победи во дебитантската сезона од ова натпреварување. Црвено-црните се фаворити на овој дуел, улога која треба да ја оправдаат на теренот. Мечот во сабота ќе започне од 10:00 часот.

Генерацијата “2004“ после четири одиграни кола имаат две победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Дуелот помеѓу овие две екипи кај оваа генерација ќе започне од 12:00 часот.