Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор утре против Пелистер во “Јане Сандански“, нашите момци ќе одат на 3/3 на домашен терен
Вардар Јуниор утре против Пелистер во “Јане Сандански“, нашите момци ќе одат на 3/3 на домашен терен

Вардар Јуниор утре против Пелистер во “Јане Сандански“, нашите момци ќе одат на 3/3 на домашен терен

Викендов на програмата во машката Супер лига на програмата е 5.коло. Во истото црвено-црниот млад ракометен колектив, Вардар Јуниор е домаќин. Ние утре  ќе ја пречекаме екипата на РК Пелитер од Битола, дуелот ќе се игра во малата сала при СЦ “Јане Сандански“-Скопје. Истиот ќе започне со почеток во 18-00 часот.

Ние досега  по четири кола имаме половичен успех, имаме две победи дома во “Јане Сандански“  и два пораза на гости. Со шест бода сме на средината на табелата. Утре ќе се обидеме да дојдеме до треттата победа по ред на домашен терен, каде во првите два меча со машка борба момците на Стојан Петрушевски дојдоа до победи.