Пионерските екипи на ФК Вардар остварија големи триумфи во дуелите со екипата на Победа, во рамките на 21.коло. Денес нашите млади надежи гостуваа во Прилеп и издвојуваа две големи победи.
Вардар го доби дербито кај помладите пионери, совладувајќи го својот најголем конкурент за трофејот, екипата на Победа. Избраниците на Деспотовски ги совладаа прилепчани со резултат 1:2, со двата гола на Георг Стојановски. На пауза беше почетниот резултат 0-0. Во вториот период Стојановски отвори со гол за 0-1, противникот успеа да изедначи. Во финишот истиот играч успеа да донесе голема радост.
Вардар пом.пионери: Стојковски, Давков, Ѓорѓоски, Сељанац, Јовановски, Стојчевски, Андрески, Давидовски, Мирков, Живков, Стојановски.
Пионерите на Вардар предводени од Игор Кралевски го добија дуелот на доминатен начин со високи 0-3. Тие доминираа на оваа средба и поведоа во 24.минута преку Костовски Далибор, кој стрелаше за 0-1, резултат со кој се замина на пауза. Момците на Кралевски и во вториот период успеаа да ја котролираат играта па со двата гола на Омерагиќ Азер дојдоа до триумф со високи 0-3.
Вардар пионери: Величковски, Петејчук, Асани, Гугуљанов, Костовски,Крстевски, Хасани, Oмерагиќ, Салиу, Радуловиќ-Величковиќ.