Во текот на вчерашниот ден гостин на Вардар беше фудбалската школа Мал Ајакс од Штип. Тие допатуваа во Скопје со две свои генерации родени “2005“ и “2006“ година играјќи контролни натпревари со екипите на Вардар. Нашите надежи успешно го користат периодот пред настапите во детската лига, за одржување на формата и победничкиот ритам.
Вардаровата генерација родени “2005“ година ги совладаа своите врсници од Мал Ајакс, убедливо со резултат 9:1. По два гола на овој натпревар постигнаа Филип Јовановски, Никола Величковски и Давор Лефковски, додека еднаш погодија и Матеј Гаштаров, Тино Спасиќ и Горјан Цветков.
Натпревар одигра и ФК Вардар генерација “2006“ која ремизираше 4:4 во дуелот со Мал Ајакс. На овој пријателски натпревар тренерот Филип Арсовски им даде шанса за настап на играчите кои добиваат помала минутажа на мечевите од детската лига.