Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Блаже Трпевски: “Јуниор“ лигата ти дава можност уште од мали нозе да настапуваш на терен и стекнуваш нови правила во ракометот

Блаже Трпевски: “Јуниор“ лигата ти дава можност уште од мали нозе да настапуваш на терен и стекнуваш нови правила во ракометот

Актуелна е втората сезона на ракометната “Јуниор“ лига, која е голем проект на РК Вардар. Повеќе од 25 ракометни школи од цела Македонија ја имаат шансата да се докажуваат и да ги надоградувааат своите знаења преку континуираните натпревари во оваа лига. Дел од овој проект е и ракометната школа Вардар ДБ од Кавадарци, за која настапува Блаже Трпевски. Тој игра за генерацијата родени 2004/05 година и ќе не запознае со неговите почетоци во ракометот, како и за настапите и неговото мислење за “Јуниор“ лигата.

-Овој спорт беше моја прва желба.Една ден додека бев на училиште мојата наставничка ни соопшти дека Ракометниот Клуб Вардар ќе држи тренинзи за ракомет во Росоман.Јас од училиштето кога се вратив дома им соопштив одма на моите родители. Наредната недела кога дојдоа да не запишат јас прв отидов и се запишав и веќе од следната ден почнав да тренинрам.

Ракометната школа Вардар ДБ се формираше по основањето на Ракометната академија Вардар и е поделена во три групи.

-Нашата школа одлично функционира. Распоредена е во три групи: Градско, Росоман и Кавадарци. Ние имаме два пати неделно тренинг. Тренери ни се Александар Темелковски Боро Ѓоргиев и Кире Петров. Секој тренинг ни трае по два часа.

vardarfans-blazevski

Јуниор лигата е едно позитивна работа што им се случува на овие деца и огромно искуство во текот на нивното понатамошно развивање како играчи.

-“Јуниор“ лигата е одличен проект кој нуди услови за натпреварување. Истата за мене има големо значење бидејќи можеме да го искажеме нашето знаење и талент кое се преточува во една игра. Највпечатливо во оваа лига е желбата за постигнување на победа, добивање на поголемо искуство од натпревар во натпревар и најдобрите од сите нас можат да влезат во Ракометниот клуб Вардар. Оваа лига ти дава можност уште од мали нозе да настапуваш на терен и стекнуваш нови правила во ракометот.

Желбата на Блаже е преку настапите во лигата еден ден да заигра за младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.

-Мојата цел преку настапите на “Јуниор“ лигата е да можам да придонесам добри резултати, да се стекнам со поголемо искуство и секако мојата желба е еден ден да се видам меѓу редовите на Вардаровиот клуб.

Звонко Ивановски