Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победи за ФК Вардар генер. 2005 и 2006 во дуелите со Драчево Јуниор
Победи за ФК Вардар генер. 2005 и 2006 во дуелите со Драчево Јуниор

Победи за ФК Вардар генер. 2005 и 2006 во дуелите со Драчево Јуниор

Денес на теренот на Академијата, своето 12.коло во регионалната-скопска лига го одиграа генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар, кои славеа победи во дуелите со Драчево Јуниор.

Генерацијата 2006 на Вардар потешко од очекувањата го совлада противникот, со гол во второто полувреме. Нови три бодови за црвено-црните донесе Нуман Ајетовиќ во 61 минута од дуелот. Вардар имаше уште неколку добри шанси, кои останаа без реализација. Драчево беше силно потиснат на својата половина и во текот на целиот натпревар се бранеше. Сепак на крајот најважни се бодовите, а тие останаа кај вардарци, кои стигнаа до 11.последователен триумф сезонава.

Вардар: Данстак, Илески, Николов, Јанкоски, Миовски, Спасовски, Ајетовиќ, Нурединовски, Алији, Цониќ, Николовски.

Влегоа уште и Величковски, Танчев, Ордевски, Краљевски, Цековски, Митрески и Митровски.

До победа стигна и генерацијата 2005, вкупно деветта сезонава за оваа екипа. Совладан беше тимот на Драчево Јуниор со резултат 3:1. Вардар прв го отвори резултатот со погодокот на Александр Каланоски за водство од 1:0 во 17 минута. До крајот на првиот дел, односно во 27 минута од мечот, екипата на Драчево постигна гол и израмни на 1:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Вардар имаше повеќе од играта на овој дуел, создаваше шанси, таквата игра вроди со плод. Кристијан Антевски беше играчот кој во 67 и 70 минута од дуелот постигна два гола и ги постави конечните 3:1 на овој меч.

Вардар: Илиевски, Јакимовски, Ристовски, Кулуковски, Јовановски, Спасиќ, Антевски, Каланоски, Уневски, Дошев, Серафимов.

Во игра влегоа и Филевски, Николовски и Стефановски.