Денес на теренот на Локомотива, генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар гостуваа кај екипата на Шкупи, во рамките на 5.коло од регионалната – скопска лига.
Генерацијата 2006 останува со максимален број на освоени бодови и после ова одиграно коло. Избраниците на Филип Спасески не дозволија изненадување и ја совладаа екипата на Шкупи (0:3). По првото полувреме имавме водство од 0:2, а резултатот го отвори Марко Николовски кој погоди за водство од 0:1. До крајот на првиот дел го зголемивме водството од пенал, дело на Алтин Алији за резултат 0:2 по првите 40 минути.
Игравме агресивно и офанзивно, додека Шкупи речиси и да немаше посериозна шанса кон нашиот гол. Во второто полувреме уште еднаш ја затресовме противничката мрежа, а во листата на стрелци се запиша Нуман Ајетовиќ, кој ги постави конечните 0:3.
Вардар: Данстак, Николов, Настевски, Порчу, Спасовски, Миовски, Величковски, Нурединовски, Николовски, Ајетовиќ, Алији.
Влегоа уште и Илески, Ордевски, Цониќ, Динов, Танчев и Краљевски.
До победа стигна и генерацијата 2005 на Зоран Петковски која го доби дуелот со екипата на Шкупи. Натпреварот заврши со триумф на Вардар од 0:2. Првото полувреме заврши со резултат 0:1, со погодокот на Никола Величковски кој погоди со глава, после нафрлена топка од Антевски. Во вториот дел постигнавме уште еден гол, истиот беше дело на Тино Спасиќ, за конечни 0:2 на овој дуел од регионаналната-скопска лига.
Вардар: Илиевски, Јакимовски, Таневски, Кулуковски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Цветков, Антевски, Дошев, Серафимов.