Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победничко коло за генер. 2010 на ФК Вардар, победи во дуелите против Еуроспорт и Грозданоски
Победничко коло за генер. 2010 на ФК Вардар, победи во дуелите против Еуроспорт и Грозданоски

Победничко коло за генер. 2010 на ФК Вардар, победи во дуелите против Еуроспорт и Грозданоски

Денес на терените на ФФМ ново коло во детската лига одигра генерацијата 2010 на ФК Вардар предводена од Колев, која успеа да излезе како победник во дуелите со екипите на Еуроспорт и Грозданоски

Во првиот дуел се сретнаа екипите на Вардар (1) и Еуроспорт, нашите млади надежи беа супериорни и славеа победа со резултат 6:0. На полувреме имавме минимална предност од 1:0. Благојче Седлоски постигна хет-трик на овој меч, два гола беа за Стефан Ристиќ додека еден гол постигна и Далибор Марковиќ.

До победа стигна и екипата на Вардар (2) која за противник го имаше тимот на Грозданоски. Црвено-црните на крајот триумфираа со резултат 5:1. Првите удари на овој меч беа за екипата на Грозданоски, но истите не беа опасни, па нашиот голман без проблеми ги скроти. Вардар ја искористи својата прва голема прилика и преку Давид Лозанов успева да дојде до водство од 1:0. До крајот на првиот дел, екипата на Грозданоски искористи едно наше невнимание во одбраната и го израмни резултатот на 1:1, со кој се замина на полувреме.

2 3 4

Грозданоски имаше прилика да направи пресврт, откако од слободен удар ја погодија пречката од нашиот гол, додека Дарио Илиќ имаше стопроцентна шанса да водство, откако Чедевски му даде топка, Илиќ не успева да реализира од непосредна близина. Сепак Вардар беше супериорен до крајот на натпреварот, па успеа да постигне дури четири голови. Најпрво со голот на Матеј Чедевски го вративме водството за 2:1, додека Петар Васоски погоди од пенал за зголемување на 3:1. Дарио Илиќ не греши од втор пат и погодува за предност од 4:1, откако погоди на одбиена топка после удар на Сивевски. Во последните минути во листата на стрелци се запишува и Македон Симев, кој ги постави конечните 5:1 на овој дуел од детската лига.