Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Момците на Петар Георгиевски редат победи, генерација 2008 ги совлада екипите на Фортуна и Албарса
Момците на Петар Георгиевски редат победи, генерација 2008 ги совлада екипите на Фортуна и Албарса

Момците на Петар Георгиевски редат победи, генерација 2008 ги совлада екипите на Фортуна и Албарса

Генерацијата 2008 на ФК Вардар денес на терените на ФФМ одигра ново коло во детската лига, во кое забележа две победи.

Вардар (2) за противник ја имаше екипата на Фортуна, која ја совлада со резултат 3:2. Првиот директен удар го имаше противникот, но на нашиот гол одбрани Дарко Јовчев. Кај Вардар први се заканија Марковски и Шотаровски, кои шутираат крај голот на Фортуна. Избраниците на Петар Георгиевски први успеваат да го отворат резултатот и да поведат со 1:0, со голот на Илија Митаноски. Противникот брзо успева да го израмни резултатот на 1:1, откако направивме три корни, пеналот беше сигурено реализиран. Екипата на Фортуна направи и целосен резултатски пресврт, па поведе со 1:1. Сепак Вардар, преку Марко Шотаровски успева да израмни на 2:2, додека до крајот на првото полувреме обиди имаа Митаноски кој шутира над голот, како и Бошковски, кој се обиде од слободен удар, но одбрани голманот.

Во вториот дел, црвено-црните ја вратија предноста од 3:2, со голот на Коста Бошковски, откако прецизно асистираше Шотаровски. Имавме поголем дел од играта во второто полувреме, поседот беше во наша корист, а голема прилика за зголемување на предноста имавме преку Митаноски, но голманот на Фортуна успева да го одбрани ударот. Се закани и Фортуна, но Дарко Јовчев не дозволи израмнување, додека ние се обидовме преку Марковски Стефан, но одбрани голманот. До крајот на мечот имавме уште една добра прилика, кога биеше Бошковски, но еден од противничките играчи се најде на вистинското место и изби од гол линијата. Сепак на крајот победа за Вардар со резултат 3:2.

2 3

Дерби во оваа генерација одиграа екипите на Вардар (1) и Албарса, a мечот го добија нашите млади надежи кои славеа победа со резултат 6:2. Првите два удари на мечот ги имаше екипата на Вардар, преку Матеј Киш, но голманот на Албарса успева да одбрани. Црвено-црните имаа иницијатива на овој меч, а следен кој се најде во прилика беше Ненад Дамјаноски кој шутираше само крај голот на противникот. Се закани и противникот, но одбрани нашиот голман, Лука Грчевски. Вардар успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 со голот на Стгефан Бранковски кој ја закуца топката со глава во мрежата, после додадена топка од Киш. Прилика имаше повторно Киш, но шутираше само во добро поставениот голман на Албарса. До крајот на првото полувреме постигнуваме уште еден гол во мрежата на Албарса, стрелец на истиот е Матеј Киш, кој од голема далечина ја погоди мрежата, за резултат 2:0 на полувреме. До крајот на првиот дел, обид имаше и Дамјаноски, но одбрани голманот.

1 2 3

Во второто полувреме, Вардар исто така беше подобар и постигнуваше голови. Сепак Албарса успева да погоди и да го намали резултатот на 2:1. Во листата на стрелци се запишува и Лука Трпевски, за предност од 3:1, додека во следната акција истиот играч успешно асистира до Петар Блажевски, кој зголеми на 4:1. Прв гол на денешниот дуел проследивме и за Ненад Дамјаноски кој му донесе предност на Вардар од 5:1. Албарса успева преку удар од белата точка да намали на 5:2, додека во последните пет минути од дуелот, црвено-црните зголемија на 6:2 со голот на Трпевски и на 7:2 со погодокот на Бранковски.