Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Ангели дојдоа до пехарот, Бисинов втори, „бронза“ за Седмерец на турнирот „Еден живот, една љубов“
РК Ангели дојдоа до пехарот, Бисинов втори, „бронза“ за Седмерец на турнирот „Еден живот, една љубов“

РК Ангели дојдоа до пехарот, Бисинов втори, „бронза“ за Седмерец на турнирот „Еден живот, една љубов“

Заврши 6-то издание на турнирот „Еден живот, една љубов“, кој се игра во „Јане Сандански“ во Скопје.  Кај момците родени 2008/2009 година, Ангели дојдоа до пехарот, второто место беше резервирано за Бисинов, а „бронзени“ се момците од РК Седмерец Вардар.

1 2

РК Ангели Вардар  предводени од Силвана Миленковиќ-Гана дојдоа до златото со победа во големото финале над екипата од Велес, Бисинов(1) Вардар. Финалето почна со израмнета игра и почетни 2-2, потоа тимот на Ангели врза два гола за предност со 4-2.Тие го исконтролираа овој прв дел, ја посакуваа победата и одиграа мудро во ова прво полувреме. На пауза заминаа со резултат 9-6.

6

Во вториот дел двата тима започнаа рамноправно, на средината од овој период стоеше на резултат, 12-9 откако двата тима постигаа по три гола во мрежата на противниците. Ангели постојано ја одржуваа предноста, тие не дозволија ривалот да им се доближи и да го загрози нивото водство. На крајот победија и дојдоа до пехар со резултат 13-11.

3

Во дуелот за “бронза“ тимот на РК Седмерец Вардар од Охрид успеа да ја совлада екипата на РК Ѓорче Петров Вардар од Скопје. Мечот започна со почетни 1-1, потоа следеше серија по која охриѓани се одлепија на 8-2. Во финишот двете екипи погодија по два пати во противничките мрежи за на семафорот за време на одморот да стои 10-4.

4

Како што заврши првиот дел така продолжи и вториот период, двата тима беа рамноправни играа гол за гол се до резултат 13-7. Потоа тимот од Охрид, Седмерец Вардар почна да ја зголемува разликата се до крајните плус десет, мечот заврши со резултат 21-11. Тоа им донесе “бронза“ на регионалната школа на Вардар од Охрид.