Денес на терените на ФФМ ново коло во детската фудбалска лига одигра генерацијата 2011, во кое забележа по една победа и пораз.
Вардар (2) загуби во дуелот со екипата на Шкупи, со конечен резултат од 1:5. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Борјан Костовски.
Вардар ( 1) успеа да забележи победа на меч против екипата на Њу Старс (2) со резултат 6:4. Калин Каракаш беше играчот кој успеа да постигне четири голови, додека два беа за Огнен Божиновски.