Победи за „петлињата“ на денешните натпревари во рамките на Регионалната Скопска Лига, каде бевме условно домаќини на екипата на Драчево Јуниор.
Генерацијата 2009 успеа да го победи тимот на Драчево Јуниор, минимално со резултат 2:1.
Уште во 11.минута успеавме со голот на Даријан Величковски да го отвориме резултатот. На голот претходеше акција во која најпрво биеше Котески Павел, голманот за момент одбрани, на одбиената топка стигна Величковски кој ја затресе мрежата. Во 23.минута екипата на Драчево успеа да врати со гол и да го израмни резултатот на 1:1, истиов беше актуелен на полувреме.
Во 57.минута победа ни донесе Лука Грчевски, кој успеа да се запише во листата на стрелци после нафрлена топка од Коста Бошковски.
Вардар: Марко Баснарков, Даријан Величковски, Максим Дошев, Павел Котески, Лука Грчевски, Матеј Ристевски, Коста Бошковски, Давид Колевски, Вилијам Ангеловски, Андреј Јовиќ и Мартин Смиљков.
До висока победа со резултат 4:1 стигна генерацијата 2008, со хет трик на Илија Митаноски и еден гол на Христијан Јевтоски. Иако имавме почетна негатива, сепак избраниците на Влатко Колев успеаа на крајот да ги освојат бодовите од овој натпревар.
Екипата на Драчево успеа да го отвори резултатот на 0:1, но ние вративме со голот од слободен удар на Илија Митаноски за 1:1, овој резултат беше актуелен на полувреме.
Во второто полувреме го надигравме противникот и заслужено стигнавме до победата. После центар шут од корнер, Христијан Јевтоски беше играчот кој ни донесе прва предност од 2:1. Митаноски денес беше одличен, откако доби одлична топка во празно успеа со втор гол да ни донесе водство од 3:1, додека истиов играч после соло продор со хет-трик ги постави конечните 4:1 на овој натпревар во Регионалната Скопска Лига.
Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Леонид Стамчевски, Иван Ташовски, Душан Бојовиќ Заев, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски, Дамјан Блажев, Ендрит Кадрији и Данило Делев.