Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар се врати на победите, висок триумф над Стружанка
ЖРК Вардар се врати на победите, висок триумф над Стружанка

ЖРК Вардар се врати на победите, висок триумф над Стружанка

Денес тимот на ЖРК Вардар дојде до првата победа во плеј-офот од женската лига, на домашен терен ја пречекавме екипата на Стружанка. Црверно-црните девојки остварија победа на оваа средба со резултат 35-17.

Првиот дел започна со предност на гостинот кој поведе со два гола (1-3), на самиот почеток. Вардарки веднаш се вратија во игра и со серија 4-0 направија пресврт поведувајќи со 5-3, од тој момент до крај на дуелот не ја испуштивме предноста. Од минута во минута ја градевме разликата која на одмор беше двоцифрена, на пауза заминавме со резултат 19-9 за нас.

Вториот дел на оваа средба од 3.коло во плеј-офот ни припадна во целост, нашата клупа даде прилика на целиот ростер кој беше на располагање. Предноста раснеше, на на крајот на 60.минути на семафорот во салата „Круме Кепески “ стоеше 35-17 за нашите девојки.

Кај нас по 7.гола имаа Магдалена Тошевска и Ивона Трпевска, Сара Стефаноска постигна 6.погодоци, а 5ки зад своето име имаа Сара Миновска и Бојана Коцева.

Голманите имаа дури 22.одбрани, тие сопреа 57% од ударите кон нивниот гол. Илиќ Андреа сопре 8.удари, одлични беа и Трајкоска Јована  и Вероника Ѓорѓиевска со по 7.одбрани.