Кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар денес на теренот во Ѓорче одиграа пријателски натпревари со екипата на Македонија Ѓ.П. Двете наши генерации забележаа победи на овие дуели.
Најпрво на теренот излегоа кадетите против своите врсници од Македонија Ѓ.П. Овој натпревар заврши со резултат 3:0. Доминација на Вардарци кои го контролираа најголем дел од натпреварот. Уште по првото полувреме црвено-црните имаа водство од 2:0. Стрелци на головите за Вардар беа Менкиноски, Абдула и Спирковски.
Младинците исто така одиграа пријателски натпревар со истава екипа. Избраниците на Љупчо Маркоски остварија победа со резултат 2:0. По првиот дел имавме водство од `1:0 со голот на Виктор Димков. Во второто полувреме уште еден гол во противничката мрежа, дело на Есмин Личина, за конечен резултат од 2:0.
Следниот викенд започнува пролетниот дел од домашното првенство. Прв противник за нашите екипи е тимот на Работнички.