Вечерва во спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра мечот од последното коло во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите помеѓу нашиот Вардар и фрнцуски Монпелје. На овој меч црвено-црните победиа со 34-26.
На почетокот од дуелот со Монпелје од Франција први отворија црвено-црните со голот на Алем Тоскиќ, а французите возвратија од пенал во следната акција совладувајќи го Ангелов кој го замени Милиќ само за казнениот удар. Црвено-црните одговараат со три гола резулатот е 4-1 со голот на Манасков во 6 минута, а на нашиот гол веќе две интервенции нанижа Џамбо. Вардарци се носени од својте КОМИТИ кој од нивната трибина непрестајно ги бодрат својте миленици, а тие им возвраќаат со зголемување на предноста на 6-2 во 8 минута. Гостите од Франција прават серија 0-3 и го намалуваат резулатот на 6-5, истата ја прекинува капитенот Лазаров Филип со гол за 7-5 . Вардарци во продолжение се соземаат и прават серија 4-1 со која ја зголемуваат предноста на 11-6 , преку Алекс Душебаев по што гостите бараат минута одмор. По тајм-аутот за гостите тие се соземаат и дават два гола еден по друг, но капитенот Лазаров има своја вечер и погодува за 12-8. Гостите се обидуваат да се вратат во мечот и со серија 1-4 намалуваат на 13:12 , по што Раул Гонзалес побара минута за консолидација и договор. Тајм-аутот вродува со плод и преку шпанскиот интернационалец Хорхе Македа постигнуваме погодок за зголемување на водството на два гола. Монпелје успева да изедначи во 25 минута на 14-14 и првпат да има реми резулат по тој од 2 минута кога беше 1-1. По успешно одиграната одбрана на црвено-црните од пенал водството го враќа Манасков со неговиот четврти гол. До крај игра гол за гол на двете страни, за на полувреме да се замине со 17:17.
Вториот дел почна неефикасно со неколку промашување на двете страни, прв погоди Шишкарев во 4 минута од контра-напад. Во наредните 4 минути ракомет со многу грешки на двете страни, во 38 минута резултатот на семафорот е нерешен 20:20. Во продолжение по два гола во двете мрежи за резулат 22-22, а Шишкарев со ефектен погодок ја враќа предноста на црвено-црните во 12 минута од вториот дел. Во следните пет минути црвено-црните прават серија 3-1 и преку Македа погодуваат за 26-23, Милиќ “кумува“ на оваа серија со две одбрани, по што французите бараат тајм-маут. Немаше голема корист од минутата одмор за Монпелје, ние се одбрануваме , а стрелаа за нас Македа во контра. Во 22 минута при резулат 29-25 за нас две минути добива Хорхе Македа, ова е прва суспензија за црвено-црните на овој меч. Сепак ние поуспешно го користиме тоа што сме со играч помалку и го зголемуваме водството на 31-26. Вардар веќе ја осигурува победата на 3 минути до крајот со нови два гола и зголемување на предноста на 33-26. Докрај мечот беше рутина , истиот заврши 34:26 за нашиот шампион. Најефикасни беа Душебаев и Манасков со по 7 гола.
Со оваа победа сме на треттата позиција од табелата во нашата група, за задржување на истата ќе треба да сочекаме победа на Барселона вечерва во дуелот со Р.Некар кој почнува во 20-30 часот во Шпанија.