Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Марсениќ: Во средината на вториот дел го добивме мечот
Гонзалес и Марсениќ:  Во средината на вториот дел го добивме мечот

Гонзалес и Марсениќ: Во средината на вториот дел го добивме мечот

По последниот меч во групната фаза од европската лига на шампиони помеѓу нашиот црвено-црн машки ракометен колектив и француски Монпелје се одржа стандардната прес-конференција во прес-салата при С.Ц “Јане Сандански“. На истата присуствуваше шефот на стручниот штаб на вардарци Раул Гонзалес, тој за овој меч изјави :

Гостинот  одигра добар меч,  во првиот дел  на нас ни  беше тешко. Одлично ги почнавме првите 15 минути , стигнавме до   4/5 разлика, но потоа тргна како што не требаше и  одмор дојдовме до нерешено. Во вториот период Милиќ  беше подобар, а тргна  и контрата. Мислам и дека они  беа малку уморени , тие  одиграа во средата со Ним, немаа многу време за одмор. Задоволен сум што сега сме на 3.место и ако вечерва Барселона победи тоа ќе остане така- Изјави Раул.

Од играчите на нашиот ракометен љубимец на оваа последна прес-конференција во  групната фаза присуствуваше српскиот интернационалец пикоерот Мијајло Марсениќ, тој за овој меч со францускиот тим го изјави следното за новинарите:

Многу тежок натпревар за нас, во првите 15 мин игравме добро во напад и во одбрана по што следуваше период на криза во нашата игра. Во средината на второто полувреме успеавме да ја вратиме препознатливата игра од почетокот и ова темпо го државме до самиот крај. Сакам да им се заблагарам на играчите на нашиот противник за фер и коректната игра- изјави Марсениќ.