Нови две победи за фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2004“ година. Избраниците на Филип Арсовски беа подобри во дуелите со екипите на Драчево и Милано.
Први кои отворија од Вардаровите екипи на терените на ФФМ беше Фк Вардар (2) генер. “2004“. Противник ни беше екипата на Драчево, која ја победивме со убедлив резултат од 5:0. Младите Вардарци беа подобра екипа во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено ги освоија бодовите. Првиот удар кон противничкиот гол го имаше Марио Сурлов, а веднаш после него и Давид Љушев. Сепак најголемата прилика да го отвори резултатот го имаше екипата на Драчево, откако ја погоди пречката од нашиот гол. Во наредните пет минути се играше без поголеми прилики за гол, иако Вардар беше подобриот на теренот. Црвено-црните поведоа со 1:0 со авто-гол на противникот, откако Марио Сурлов биеше од слободен удар, топката закачи еден од противничките играчи и заврши во нивната мрежа. Избраниците на Арсовски имаа можност да зголемат, доколку Димитар Стоимов беше прецизен од пенал, откако противникот направи три корнери. Во шанса се најде и Лука Ивановски, откаако се ослободи од противнички играч продре од десната страна, се направи простор но неговиот удар завршува крај голот на Драчево. Стоимов дефинитивно немаше среќа да се запише во листата на стрелци, откако противничкиот голман му брани зицер шанса. По првото полувреме резултатот беше 1:0.
На стартот од второто полувреме се редеа шансите пред голот на противникот, но Драчево некако одолеваше на нападите на Вардар. Конечно погодуваме за 2:0, откако голманот на Драчево направи грешка ја пропушти топката, која дојде до Стефан Стојановски за зголемување на водството. На треттиот гол не се чекаше долго време, откако Давид Љушев погоди од пенал за предност од 3:0. Црвено-црните не помислуваа да запрат со нападите, следи нов гол за 4:0, дело на Тео Перковски, откако неговите соиграчи имаа одлична акција со неколку прецизни подавања. Конечниот резултат од 5:0 на овој дуел го постави Стефан Стојановски, откако стрелеше во долниот лев агол за убедлива победа на овој меч.
Фк Вардар (1) исто така беше убедлив во дуелот со својот противник. Екипата на Милано на крајот си замина дома со 6 погодоци во својата мрежа. Милано беше екипата која ја имаше првата прилика, откако нивниот играч излезе сам со нашиот голман Стефан Тасев, но Вардаровиот бисер на голот успеаа да го скроти неговиот удар и да не дозволи негатива за својата екипа. Вардарци казнуваат на спротивната страна откако Марио Ричков биеше од слободен удар, а голманот на Милано со несмасна интервенција ја вметна топката во својот гол за водство на Вардар од 1:о. Истиов играч за кратко можеше да го зголеми резултатот, откако неговиоу удар заврши во пречката на Милано. Најдобриот стрелец на оваа генерација, Георг Стојановски погодува од пенал за водство од 2:0. При едно наше невнимание од десната страна, противникот имаше можност да намали, сепак за наша среќа топката заврши покрај голот. Нова пречка за Вардарци, откако среќата не го посака Игор Јаневски. Сепак во следната веќе акција најдобриот играч на денешниот натпревар, Огнен Здравковски стрела за 3:0. Со овој резултат се замина на краток одмор од 5 минути.
Првите прилики за зголемување на водсвото во второто полувреме ги имаше Марио Ричков. Милано се обидуваше со тактиката три корнери да изнуди пенал, но ни тоа не им успеваше. Нов погодок за Георг Стојановски за 4:0, претходно од слободен удар нафрли Игор Јаневски. Огнен Здравковски продолжи да игра одлично, а неговата добра игра ја круниса со уште еден погодок, откако успешно се ослободи од противничкиот голман и стрелаше во мрежата за 5:0. Нова одлична одбрана за Стефан Тасев, кој не му дозволува на Милано да постигне почесен гол. За “шлаг“ на тортата беше акцијата помеѓу Здравковски, Стојановски и Ричков, а овој последниов со гол ја круниса убедливата победата за својата екипа. Конечниот резултат гласеше 6:0.
Двете екипи на оваа генерација веќе нанижаа четири победи на стартот од пролетниот дел во детската лига.