Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Избраниците на Кралевски Вардар генер.2006 нижат победи во детската лига, тие забележаа две победи со Њу Старс
Избраниците на Кралевски Вардар генер.2006 нижат победи во детската лига, тие забележаа две победи со Њу Старс

Избраниците на Кралевски Вардар генер.2006 нижат победи во детската лига, тие забележаа две победи со Њу Старс

Денес на терените на ФК Работнички во скопскиот градски парк се одиграа мечевите во детската лига. Свој настап имаа и избраниците на Игор Кралевски ФК Вардар герерација “2006„ , тие играа 4+1 во две полувремиња по 15 минути против екипата на ФК Њу Старс. Фк Вардар(1) и ФК Вардар(2) генер. “2006“ остварија сигурни победи со овој противник.

Првиот меч се играше помеѓу ФК Вардар(1) и Њу Старс (1) , на дуелот тргнавме веднаш да отвориме со гол. Давид Голубов веќе во 2 минута имаше одлична шанса, но голманот на противниците одбрани исто како и во  5 минута кога истиот играч повтоено се обиде да погоди. Сепак по десетина минути игра го отворивме резултатот, голот за 1-0 го постигна Давид Голубов кој со прекрасен удар од над 10 метра погоди под гредата и ако противничкиот голман со врвот на прстите ја допре топката таа беше доволно силна да заврши зад неговиот грб. Избрнаниците на Кралевски тргнаа и по втор погодок веднаш по водството, Марко Николовски пропушти одлична прилика да го го зголеми резулатот. До крајот на првиот период се редеа шанси пред голот на Њу Старс, сепак на одмор се замина со резулатот 1-0.

По одморот и советите од Кралевски вториот дел го почнавме фуриозно, напаѓајќи во првите 3-4 минути постојано кон голот на нашиот противник кој цело време се бранеше во тој период и не успеа да ја изнесе топката на нашата половина. Се играше 4. минута кога во соло продор тргна Марко Николовски кој вешто успеа да погоди за 2-0 во корист на црвено-црните момчиња. Одлична шанса за 3-0 имаме само две минути потоа во 6 минута  Максим Цониќ со удар од дистанца погодува само во стативата. Голманот на црвено-црните Андреј Данстак беше сигурен на нашиот гол и со 2-3 одлични одбрани го сочува својот гол и предноста на Вардар. Темпераментниот Давид Голубов има во продолжение дури 3 шанси, но среќата не е на негова страна.  Младите играчи на Њу Старс во овој период целосно се во дефанзива, ретко воопшто шутираат кон нашиот гол. Давид Голубов конечно беше награден за својот труд, по неколку претходни обиди погоди за 3-0 со удар од 12-13 метра, шутот беше силен и ефекно ја затресе мрежата на Њу Старс. Д окрај нашите момци умно го чуваа ова водство и рутинирано го привршиа мечот.

По првиот дуел веднаш на истиот терен ФК Вардар генерација “2006“ (2)  се соочи со Њу Старс (2) и овде како и на првиот дуел веројатно по совет од тренерот по првиот свиреж на судијата младите вардарци веднаш тргнаа во атак. Стефан Колоски прв имаше сериозна шанса во 3 минута изведе слободен удар од 10-сетина метра, но топката и покрај добриот удар не заврши во мрежата. Истиот играч само 30 секунди по оваа шасна го отвори резултатот, постигнувајќи гол за 1-0. Младиот Колоски е голем талент тоа го покажа во продолжение во 6 минута упати неодбранлив удар со левата нога од работ на казнетиот простор, но топката заврши во конструкцијата од голот. Противничкиот тим потиснат од нашиот пресинг и одличната игра во офанзива се повлече пред својот казнет простор каде се обидува да се одбрани од нашите налети. Колоски се обидуваше да го скрши “бункерот“ на Њу Старс,  тој нанижа три шанси кој не завршија со погодок. Сепак конечно во четвртиот обид погоди и тоа велемајсторски, тој првин ја одзема топката од противничкиот играч пред нашиот гол, па ја понесе низ цел терен ја мина одбраната и го исфрли противничкиот голман по што погоди во небранетата мрежа на Њу Старс за 2-0.  Со овој резулат се замина и на одмор.

Второто полувреме почна апсолутно пресликано како и првото, црвено-црните повторно веднаш нападнаа со сите сили и повторно Колоски ја имаше првата шанса. Се играше 7 минута од вториот дел, слободен удар одлево на дистанца од 12-13 метра со силен удар Милош Спасовски ја тресе трет пат мрежата на Њу Старс. Минута потоа повторно на сцена стапува пак Колоски кој повторно со соло продор стрелаше за 4-0. Њу Старс конечно се одлободи и почна да напаѓа кон нашиот гол, сепак тука го имавме мотивираниот голман Мартин Ивановски кој со одлични интервенции ја продолжи агонијата на нашиотпротивник. Во продолжение освен како играч кој постојано стрела Колоски го видовме и како асистент тој прекрасно асистираше до Михаел Танчев, но голманот на нашиот ривал успешно исфрли во корна. на само две минути до крајот на дуелот успеавме да “пукнеме петарда“ својот прв а петти гол за Вардар на овој меч го постигна Крстевски Ангел. Веројатно ова водство донесе до мало опуштање,  па она што  Њу Старс немаше прилика цел меч успеја да го реализира во последната минута, тие  во последниот напад на мечот  успеаа да намалат на 5-1 по што веднаш судијата одсвири крај на овој дуел.